Жителите на Вухан тврдат дека во градот од вирусот умреле 20 пати повеќе луѓе

Жителите на Вухан, градот во кој коронавирусот за првпат се појави, тврдат дека кинеските власти не ја кажуваат вистината кога станува збор за бројот на мртвите.

Во Кина официјално се заразени 81.518, а умреа 3.305 луѓе. Според двете статистики Кина ја претркаа Италија и Шпанија, а по бројот на смртни случаи наскоро ќе ја поминат и САД.

И додека Кина, а особено покраината Хубеи, полека излегува од карантин, граѓаните на социјалните мрежи почнуваат да се сомневаат во официјалните бројки објавени од владата. Репортерите на порталот Рејдио фри Ејжа (РФА) биле во Вухан и разговарале со луѓето кои сметаат дека само во градот умреле најмалку 40.000 луѓе. Официјалната бројка е 2.500.

„Крематориумот и мртовечниците работат 24 часа на ден и нема шанси да починале нешто повеќе од три илјади луѓе. За погреби се чека по две недели, што никогаш не се случило“, вели еден жител на Вухан.

Корисниците на социјалните мрежи почнаа да шират пресметки во кои тврдат дека бројот на умрените мора да е многу поголем, а порталот Хаиџин објави дека само едно погребно претпријатие во еден ден примило пратка од 5.000 урни, што е двојно повеќе од официјалниот број на починати.

Во регионот на Вухан работат седум крематориуми кои по укинувањето на карантинот почнале да работат со полн капацитет и секој ден на семејствата на починатите им предаваат по околу 3.500 урни. Крематориумите ги известиле семејствата на починатите дека ќе се трудат да ги сработат сите кремирања до 12 април бидејќи се пренатрупани со барања, а корисниците на социјалните мрежи пресметале дека крематориумите за една недела кремирале околу 42.000 луѓе. Не е објаснето дали во таа пресметка влегуваат и лицата кои починале од други болести, но факт е дека во крематориумите во Вухан вообичаено се кремираат околу 220 луѓе на ден.

„Никој во градот не верува во официјалните бројки. Проекцијата од 40.000 умрени е многу пореална, а можеби владата постепено ќе ги објавува вистинските податоци за луѓето што полесно да ја прифатат реалноста“, вели граѓанин на Вухан.

Новинарите на РФА контактирале и добро информиран извор во канцеларијата за цивилна заштита кој тврди дека голем број луѓе од коронавирусот починале дома па тие не влегуваат во официјалната статистика. Изворот кажал дека секој крематориум двапати дневно го пријавува бројот на кремираните на градските власти и дека во Вухан за помалку од еден месец биле направени 28.000 кремирања. Според него, процената од 40.000 или дури 48.000 жртви не е претерана.

Пред крематориумите со денови има големи редици луѓе кои доаѓаат да ги земат урните на своите најблиски, а еден жител на градот за РФА кажал дека градската власт на секое семејство му дала 3.000 јуани (околу 420 долари) во замена за молчење. Тоа го потврди граѓанинот Чен Јаохуи чие семејство го добило тој износ.

„Доведоа погребувачи од останатите делови на Кина за да можат да се справат со големиот број мртви. Во градот непрекинато работата седум крематориуми од кој секој дневно може да кремира околу 500 луѓе. Тие тврдат дека во целиот град умреле околу 2.500 луѓе, но секој со малку мозок може да собере два и два и да сфати дека не ја зборуваат висината. Дневно пред епидемијата се кремираа околу двесте луѓе, а сега за кремирање мора да се чека две недели. Па кој е тука луд?“, вели Јаохуи.

Во повеќето земји во развој, ковид-19 предизвикува економски ураган.

повеќе

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе