Лекарите не веруваат дека е отруен

Западот воздржано го следи случајот на Навални

Руските доктори дозволија вчера критичарот на Кремљ Алексеј Навални да биде префрлен во Германија за таму да биде лекуван, откако соработници на политичарот ги обвинија руските власти дека намерно се обидувале да ја спречат неговата евакуација.

EPA-EFE

Навални, долгогодишниот критичар на Владимир Путин и активист во борбата против корупцијата, се онесвести во авион во четвртокот откако испил чај за за кој неговите соработници веруваат дека бил отруен.

Германските лекари пристигнаа во Русија за да го евакуираат 44-годишниот Навални на барање на неговата сопруга Јулија и поддржувачите кои стравуваат дека властите би можеле да се обидат да ги прикријат доказите за тоа како се разболел и тврдат дека болницата во која се наоѓал Навални е лошо опремена.

Рускиот медицински персонал во болницата во Омск на Сибир првично вчера соопшти дека состојбата на Навални во текот на ноќта се подобрила, но дека и понатаму не е доволно стабилен за безбедно да биде транспортиран надвор од земјата.

Меѓутоа, синоќа кажаа дека нема да се противат на неговото преместување откако на германските доктори им беше дозволено да го посетат и откако тие проценија дека е во состојба да патува, пренесува Ројтерс.

Еден од лекарите во болницата во Омск, Анатолиј Каљиниченко, кажа синоќа дека болницата може да помогне во транспортот на Навални и дека тој ќе биде префрлен во рок од неколку часа. „Донесовме одлука дека нема да се противиме на неговото преместување во друга болница“, кажа Каљиниченко.

Оваа одлука е донесена откако сопругата на Навални испрати писмо директно до Кремљ во кое ги замоли властите да интервенираат и да дадат дозвола нејзиниот сопруг да ја напушти земјата.

Александар Мараковски, главниот доктор на болницата во Омск, кажа претходно дека кај Навални била дијагностицирана болест на нарушување на метаболизмот предизвикана од нискиот степен на шеќер во крвта.

Тој кажа дека траги од индустриска супстанца биле најдени на облеката и прстите на Навални, но дека лекарите не веруваат дека тој е отруен.

Портпаролката на Навални, Кира Јармиш, кажа синоќа дека е штета што на докторите им било потребно толку време да го одобрат летот бидејќи авионот и документите биле спремни уште од вчера наутро.

Навални утрово со авион беше префрлен во Берлин, каде што продолжи неговото лекување.

Странските лидери, вклучувајќи ги германската канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Емануел Макрон, изразија загриженост поради Навални. Меѓутоа, британски Гардијан истакнва дека и покрај тоа што изразија „загриженост“ и понудија медицинска помош, западните лидери главно избегнуваа директни напади и критики на Русија додека критичарот на Кремљ се бореше за животот во сибирската болница.

Најтивка беше реакцијата на претседателот на САД Доналд Трамп кој едвај ја спомна вонредната состојба на рускиот опозиционер, потврдувајќи само дека неговата администрација ги истражува настаните.

Би-би-си пренесува дека демократскиот претседателски кандидат Џо Бајден инцидентот го опиша како „неприфатлив“ и вети дека, ако биде избран, ќе им се спротивстави „на автократите како што е Путин“.

Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, директно му изрази загриженост на рускиот претседател Владимир Путин во телефонски повик. Германската канцеларка Ангела Меркел беше најблиску до барање за утврдување одговорност, барајќи да се разјаснат околностите под кои се разболе Навални.

Одделни западни влади можеби се воздржуваа од поостри коментари бидејќи беа фокусирани на тоа да го извлечат Навални од земјата, кажа за Гардијан Марк Галеоти од институтот Ројал јунајтед сервисис.

„Потребно е да се дадат неопходните соопштенија за да се погрижат дека Кремљ е свесен дека ја следат ситуацијата и дека се загрижени. Особено поради тоа што претходно не смееја да претеруваат бидејќи Навални практично беше нивен заложник“, кажа Галеоти.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Во Македонија само 1% од младите професионално се занимаваат со спорт, 7% спортуваат аматерски, додека 42% спортуваат рекреативно или практикуваат физичка активност во вид на хоби и рекреација.

повеќе

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе