Фајненшал тајмс

Западот е загрижен поради приближувањето на Русија и Турција

Западот е загрижен од најавеното продлабочување на руско-турската соработка. Ја предупредуваат Анкара дека може да има последици ако ѝ помага на Русија во избегнување на западните санкции, пишува Фајненшал тајмс по средбата на рускиот претседател Владимир Путин и турскиот лидер Реџеп Таип Ердоган во Сочи.

EPA-EFE

Весникот, повикувајќи се на неименувани извори, напоменува дека „Европската Унија сè повнимателно ја следи турско-руската соработка“, изразувајќи загриженост дека „Турција се претвора во платформа за трговија со Русија“.

Еден од соговорниците на весникот го опишува однесувањето на Турција кон Русија како „многу опортунистичко“, истакнувајќи: „Се обидуваме да ги натераме Турците да обрнат внимание на нашата загриженост“.

Фајненшал тајмс пишува дека висок западен функционер сугерирал дека западните земји би можеле „да ги повикаат западните компании или да ги прекинат односите со Турција или да ја намалат соработката со неа“, поради ризикот кој Турција го претставува со проширувањето на односите со Русија.

Истовремено три извори изјавиле за весникот дека во Брисел немало официјални разговори за потенцијалните последици по Турција.

Весникот наведува дека предупредувањата против Анката доаѓаат еден ден откако Путин и Ердоган „имаа долг состанок во четири очи кој кулминираше со заедничко ветување дека ќе се поттикне билатералната трговија и ќе се продлабочат финансиските и стратегиските врски“.

Фајненшал тајмс пишува дека заменикот на рускиот премиер Александар Новак кажа дека Турција се согласила да почне да ги плаќа руските енергенси во рубли, што го потврди и турскиот претседател.

Новак кажа и дека на средбата на претседателите се донесени важни одлуки со кои односите на Русија и Турција се кренати на ново ниво.

„На разговорите се донесени многу важни одлуки, кои, всушност, го креваат развојот на нашите односи во трговијата и економијата на ново ниво, во речиси сите сектори, вклучувајќи ги транспортот, индустријата, земјоделството, туризмот, но и областите на информатичките технологии и станбено-комуналните услуги“, кажа Новак.

Тој истакна дека клучната област во која Путин и Ердоган разговарале била енергетиката.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Нов фронт за работа на градежните фирми на веќе изградените згради (и куќи) треба да биде топлинската изолација.

повеќе

Во Македонија не постои никаква забрана за конверзиона терапија, а лиценцираните психолози што може да се јават како спроведувачи или наведувачи на ваква „терапија“, за жал, не сносат никакви последици.

повеќе

Доколку чувствуваме дека нашиот труд ќе биде награден со успех, ќе ѝ приоѓаме на околината со апетит, доверба и храброст.

повеќе