„Ризик кој вреди да се преземе“

Западното оружје би можело да падне во погрешни раце

Соединетите Американски Држави и НАТО испраќаат во Украина оружје со голема брзина, вклучувајќи многу чувствителна опрема како ракети кои се испукуваат од рамо – преносливи системи за противвоздушна одбрана кои можат да соборат авион.

EPA-EFE

Западните испораки на оружје се од витално значење за овозможување на Украинците против инвазијата на руските сили да се борат многу поефикасно и пожестоко отколку што очекуваа американските разузнавачи, пишува Ројтерс.

Меѓутоа, префрлањето толкаво количество оружје во најголемиот конфликт во Европа од Втората светска војна носи ризик дека дел од него може да падне во погрешни раце, наведува британската агенција, додавајќи дека Западот ја има предвид таа можност.

„Искрено, веруваме дека тоа сега е ризик кој вреди да се преземе бидејќи Украинците така вешто се борат со вооружувањето кое им е на располагање и го користат така креативно“, кажал американски воен функционер за таа опасност.

Преносливите ракети како „стингер“ проектилите земја-воздух, можат да помогнат да се добие војната, но во минатото се случувало да се изгубат, да бидат продадени или да завршат во арсеналите на екстремистичките групи.

Ројтерс наведува дека стотици „стингери“ кои ги испорачале САД се сметале за клучни за помошта на исламистичките муџахедини да ги протераат советските сили од Авганистан во конфликтот кој траеше во 1980-тите.

Меѓутоа, САД потоа со години се обидуваа да ги вратат рачните лансери од таа земја и од други конфликтни зони низ светот.

Во студијата која ја финансирал Пентагон од 2019 година, истражувачкиот центар РАНД корпорацијата процени дека над 60 цивилни авиони се погодени од такви системи од 1970-тите, што предизвикало смрт на повеќе од илјада цивили. Од 2019 година, потврдено е дека 57 недржавни оружени групи поседуваат или може да поседуваат преносливи ракетни системи.

Русија била „далеку најголем поединечен извозник на такви системи“, соопшти РАНД, со над 10.000 единици кои меѓу 2010 и 2018 им се продадени на разни земји, вклучувајќи ги Ирак, Венецуела, Казахстан, Катар и Либија.

САД и НАТО не откриваат колку рачни ракетни системи се префрлени во Украина пред и по почетокот на инвазијата.

Русија до сега не ги гаѓаше западните конвои со оружје упатени во Украина, а висок американски воен функционер кажал дека САД не знаат дали некој дел од западното вооружување паднал во рацете на Русите.

Но, тоа може да се смени.

Заменикот министер за надворешни работи на Русија Сергеј Рјабков предупреди вчера дека Москва сега ги смета за легитимна воена мета испораките на оружје на Украина, со што е зголемен ризикот од директно соочување на Русија и НАТО.

Рјабков порача дека Москва јасно му го изнела својот став на Вашингтон.

Тој истакна дека Русија „ги предупреди САД дека испораките на оружје од бројни земји не е само опасен потег, туку акција која тие конвои ги прави легитимни мети“.

Рјабков ги осуди САД за потпалување на тензиите со тоа што ја предводат иницијативата за воведување санкции, кои се „обид без преседан да се зададе сериозен удар на различни сектори на руската економија“.

Истакна, меѓутоа, дека Русија нема намера да ги протерува западните медиуми и компании, додавајќи дека нема да ја ескалираат ситуацијата.

На состанокот на рускиот Совет за безбедност во петокот, министерот за одбрана Сергеј Шојгу зборуваше за потенцијалните заплени на западни противтенковски ракети „џавелин“ и противвоздушните „стингери“. Кажа дека треба да им се предадат на бунтовничките сили кои Русија ги поддржува во областа Донбас во источна Украина.

Рускиот претседател Владимир Путин јавно ја поддржа таа идеја.

„Што се однесува до испораките на вооружување, особено од западно производство, кои паднале во рацете на руската војска, нормално дека ја поддржувам можноста тоа да им се предаде на воените единици на Луганската и Доњецката Народна Република“, кажа рускиот претседател.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Минатата недела во јавноста се актуелизираше дискусијата за концептот на даночната реформа.

повеќе

Војната во Украина ја разоткри вистината за Русија, но и вистината за Европа. 

повеќе

Несанкционирањето на овој говор доведува до повторување, ширење и злоупотреба на овие аномалии како еден вид „нормализиран“ начин во политичката борба против поединци и групи со различни мислења.

повеќе