Заборавете ги САД и Русија, Кина сега е вселенската суперсила

Кинеската мисија Чанг’е 5 на Месечината забележа неколку „први“ успеси – прво полетување на кинеско летало од некое вселенско тело и прво спојување на капсула и летало во лунарна орбита. По милијардите вложени во својата вселенска програма, Кинезите сега се на добар пат да ги достигнат Русите и Американците во вселенската трка.

EPA-EFE

Кинеската капсула со примероци од површината на Месечината успешно слета на вселенското летало и во тек се подготовките за нејзино враќање на Земјата.

Маневарот беше дел од амбициозната мисија Чанг’е 5 – наречена по кинеската божица на Месечината и лансирана од провинцијата Хаинан на југот на Кина – на Земјата да донесат, за првпат по 40 години, примероци од површината на Месечината.

Капсулата со камењата и примероците од тлото полета од површината на Месечината во четвртокот и се прикачи на леталото утринава, соопшти кинеската Национална вселенска администрација што беше прво кинеско „рандеву и спојување во лунарната орбита“. Тргнувањето на капсулата од површината на Месечината беше исто така „прв пат“ – прво полетување на летало од некое небесно тело.

Кинеската вселенска агенција соопшти дека пред полетувањето на капсулата на површината на Месечината било поставено кинеското знаме. На тој начин стана втората земја во историјата која истакнала свое знаме на Месечината, повеќе од половина век по Америка. САД први забодоа знаме на површината на Месечината во 1969 за време на мисијата Аполо 11. Петте други американски знамиња се поставени во текот на следните мисии сè до 1972.

Кина се обидува да го надомести пропуштеното и да фати чекор со Русија и Соединетите Држави и истураше милијарди долари во својата вселенска програма која ја води војската. Пекинг се надева дека до 2022 година ќе има вселенска станица со екипаж и дека со време ќе испрати луѓе на Месечината.

Доколку леталото со примероците успешно се врати на Земјата, Кина ќе биде само третата држава која донела примероци од Месечината, по САД и Советскиот Сојуз во 1960-тите и 1970-тите.

Ова е и прв таков обид по Луна 24 мисијата на Советскиот Сојуз. Научниците се надеваат дека примероците од Чанг’е 5 ќе им помогнат да дознаат повеќе за потеклото на Месечината и вулканската активност на површината.

Во капсулата би требало да има два килограми материјал од претходно неистражената област позната како Океан на бури, пространа рамнина од лава. Капсулата со примероците би требало да слета на северот на Кина, во областа Внатрешна Монголија.

Кина својот прв сателит го лансираше во 1970, а беа потребни децении за летало со човечки екипаж да полета кон вселената – Јанг Ливеи стана првиот „таиконаут“ во 2003.

Кинескиот лунарен ровер слета на далечната страна на Месечината во јануари во првиот обид на Кина да го сони својот „вселенски сон“ и да стане вселенска суперсила.

Најновата мисија е една во низата амбициозни планови кои вклучуваат изградба на моќна ракета способна да пренесе поголем товар отколку што можат леталата на американската вселенска агенција НАСА и приватната компанија Спејсекс, лунарна база и вселенска станица.

Кинеските таиконаути и научници веќе размислуваат и за испраќање човечки екипаж на Марс.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Во САД и некои други земји, припадниците на загрозените расни и етнички малцинства имаат пократок животен век од просечниот, и поради тоа не се доволно застапени меѓу оние за кои најмногу се очекува дека ќе починат од ковид-19.

повеќе

Предвидувањата за тоа дека ќе дојде денот кога Бугарија ќе ги искористи пасошите кои Софија така лесно им ги даваше на македонските државјани почнуваат да се остваруваат.

повеќе

Реакцијата на семејството и блиските во однос на пандемијата е пресуден фактор кој влијае на емотивната состојба, размислувањата и однесувањето на младите.

повеќе