За време на КОП26 Фејсбук пуштал реклами со лаги и скептицизам за климата

Огласувачите на Фејсбук промовирале лажни и погрешни тврдења за климатските промени на платформата последниве недели, токму кога почнала конференцијата КОП26.

Фото: ЕПА

Неколку дена откако заменик-претседателот за глобални прашања на Фејсбук, Ник Клег, на блог се фалеше со борбата на компанијата против климатските дезинформации во почетокот на самитот во Глазгов, конзервативната медиумска мрежа Њузмакс објави реклама на Фејсбук во која глобалното загревање предизвикано од човекот го нарече „измама“.

Рекламата, која имаше повеќе верзии, собра повеќе од 200.000 прегледи. Во друга реклама, конзервативната коментаторка Кендис Овенс рече: „очигледно очекуваат едноставно да ѝ веруваме на нашата нова авторитарна влада“ за климатската наука, додека еден американски либертаријански аналитички институт објави реклама за тоа како „модерните предвидувачи на судниот ден“ со децении погрешно ги предвидуваат климатските кризи.

Њузмакс, Овенс и Дејли ваер, кои платиле за рекламата од страницата на Овенс, не одговориле на барањата од Ројтерс за коментар.

Фејсбук, кој неодамна го промени своето име во Мета, нема конкретна политика за дезинформациите за климата во рекламите или неплатените објави. Гугл минатиот месец соопшти дека повеќе нема да дозволува реклами што се во спротивност со научниот консензус за климатските промени на Јутјуб и на другите негови сервиси, иако ќе дозволи содржина во која се дискутира за лажни тврдења.

Фејсбук генерално не ги отстранува дезинформациите во објавите, освен ако не утврди дека тие претставуваат непосредна штета во реалниот свет, како што тоа го направи за невистините околу ковид-19. Компанијата вели дека ги намалува објавите што нејзините надворешни проверувачи на факти ги означиле како лажни и дека забранува реклами со овие разоткриени тврдења. Се вели дека огласувачите што постојано објавуваат лажни информации може да се соочат со ограничувања во можноста да се рекламираат на Фејсбук.

Запрашан за рекламите што поттикнуваат дезинформации за климата, портпаролот на компанијата во изјавата рече: „Додека реклами како овие се прикажуваат на многу платформи, Фејсбук нуди дополнителен слој транспарентност со тоа што бара од нив да ѝ бидат достапни на јавноста во нашата Рекламна библиотека до седум години по објавувањето“.

Аналитичкиот институт Инфлуенс мап, со седиште во Обединетото Кралство, кој идентификувал измамнички реклами на Фејсбук објавени од неколку медиуми и тинк-тенкови околу КОП26, исто така откри дека компании за фосилни горива и лобистички групи потрошиле 574.000 долари на реклами за политички и социјални прашања на Фејсбук за време на самитот, кои резултирале со повеќе од 22 милиони импресии и содржини што ги промовираат нивните еколошки активности.

Компаниите за нафта и гас објавуваа реклами на долга низа други медиуми пред и за време на самитот КОП26, вклучително и на поткасти, билтени и преку ТВ реклами. Во Европа, Гринпис и други еколошки здруженија минатиот месец повикаа на забрана за реклами и спонзорства од нафтени и гасни фирми, вели Ројтерс.

Фејсбук почна да додава информативни етикети на објавите за климатските промени за да ги насочи корисниците до неговиот центар за наука за климата, нов центар со факти и квизови, за кој вели дека го посетуваат повеќе од 100.000 луѓе дневно.

Запрашан во интервју емитувано оваа недела на настанот „Ројтерс одговорен бизнис САД 2021“ дали мисли дека Фејсбук сè уште потфрла во однос на климатските прашања, главниот директор за технологија Мајк Шропфер рече: „Очигледно, постои загриженост поради луѓето што споделуваат дезинформации за климата на Фејсбук“.

„Нема да кажам дека објавуваме правилно во ниту еден момент“, рече тој. „Ние постојано ја преиспитуваме состојбата во светот и која е нашата улога, која почнува со обидот да им овозможиме на луѓето слободно изразување, а потоа интервенираме кога се случуваат штети што можеме да ги спречиме.“

Тој не одговори директно зошто Фејсбук не ги забранил сите реклами за дезинформации за климата, но рече дека „не сака луѓето да профитираат од дезинформации“.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Првичната реакција на голем број држави кога се појави новата варијанта на ковид-19 вирусот за забрана на патувањето од Јужна Африка и од соседните држави, иако истиот веќе се има проширено, е очајна мерка. Всушност, државите можеби се и подобро подготвени отколку што мислат за што и да следи.

повеќе

Со неколку геополитички шаховски потези, Кина докажа дека не секогаш оружјето и војните се единствениот начин за глобална доминација.

повеќе

Македонија може да ги задоволи потребите од електрична енергија ако на површина од 160 км2 постави соларни панели, а инвестицијата за тоа е 2,4 милијарди евра.

повеќе