петок, 10 мај 2024

Сиљановска Давкова на честитките од Бегај и Зеленски се заблагодарим на албански и украински јазик

Гордана Сиљановска Давкова за изборната победа на претседателските избори доби честитка на англиски јазик од претседателот на Албанија, Бајрам Бегај и таа му се заблагодари на албански јазик. Украинскиот претседател Володомир Зеленски упати честика на украински и англиски јазик, а Сиљановска Давкова се заблодари на двата јазици, како и на македонски јазик.

Објавено на

часот

Сподели

Неколку часа откако претседателот Бегај на платформата Х ја објави својата честитка на англиски јазик, Силјановска Давкова му се заблагодари на албански јазик и го повика заедно да работат на унапредување на односите.

„Почитуван претседателе Бегај. Клучот за европската интеграција на Балканот лежи во развојот на нашата регионална соработка. Ве повикувам да работиме заедно на унапредување на македонско-албанските односи како и на нашата европска интеграција“, му одговори на платформата Х Сиљановска Давкова на албански јазик.

Претседателот на Украина честитката ја напиша и објави на англиски и украински јазик, а благодарноста до него новоизбраната претседателка на Македонија ја упати на македонски, англиски и украински јазик.

„Честитки до Гордана Сиљановска-Давкова за нејзината убедлива изборна победа. И посакувам успешен и плоден мандат. Го цениме нашето силно партнерство и ја цениме поддршката на Скопје за Украина во борбата против руската агресија. Со задоволство очекувам да ја зајакнеме нашата билатерална соработка со цел да ги вратиме мирот и стабилноста во нашата обединета Европа“, напиша Зеленски на платформата Х.

„Почитуван претседателе Зеленски, денеска кога го славиме Денот на Европа исто така се потсетуваме дека судбината на украинската нација е под закана. Ние ја поддржуваме Украина и ја нудиме солидарноста на сите македонски граѓански за постигнување на праведен мир и вистинска долгорочна безбедност. Ниту една европска нација, која ги споделува и брани заедничките европски вредности, не смее да биде изоставена од европското единство. Очекувам дополнително да ја зајакнеме билатералната соработка и се надевам на брз прием на нашите две земји во ЕУ“, вели Сиљановска Давкова во одговорот.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ