За што разговарале Путин и Макрон неколку дена пред војната?

Четири дена пред Русија да ја нападне Украина, Емануел Макрон очајнички му телефонирал на Владимир Путин во обид да го одврати од војна.

Фото: ЕПА

Двочасовниот разговор е последната сцена од документарниот филм „Претседателот, Европа и војната“ на новинарот Ги Лагаше, кој ја набљудувал француската влада за време на претседавањето со ЕУ во првата половина од оваа година, пренесува Дојче веле.

Соработниците на францускиот претседател преку звучниците во соседната соба го следат телефонскиот разговор со Путин. Пишуваат белешки, му ги дотураат на Макрон.

Тој и Путин си се обраќаат по име и не си персираат. „Владимир, можеш ли да ми го објасниш твојот став за ситуацијата?“, прашува Макрон. „И објасни ми ги отворено - како што сме навикнати - твоите намери?“

„Што да кажам“, возвраќа Путин. „Знаеш што се случи“. А потоа зборува за тоа како Украина ги прекршила договорите од Минск со кои требаше да ѝ се стави крај на војната со сепаратистите во Донбас. Путин вели и дека Киев има нуклеарно оружје, што Макрон го дочекува со неверување. Шефот на Кремљ исто така вели дека украинскиот претседател Володимир Зеленски не прави ништо за да се спроведе Минск. „Тој те лаже“, му вели тој на Макрон.

Што сака Макрон?

Документарецот ги открива обидите на Макрон да посредува во последен момент и го носи гледачот зад кулисите. Има разговори со Путин, кои на крајот стануваат залудни.

Новинарот Лагаше на париската премиера на филмот изјави дека сака да покаже колку е сложена политиката, особено во време на популизам и војна.

Макрон никогаш не криел дека сака директна комуникација со Путин. Критичарите велат дека францускиот претседател се преценува себеси или дека е наивен ако мисли дека може да влијае на Путин.

„Мене ме интересираше зошто Макрон разговара со Путин иако Путин лаже, а неговите војници вршат воени злосторства. Која е политичката стратегија на Макрон кога повторува дека Русија не смее да биде понижена“, рече Лагаше во едно интервју за радио.

Во познатиот телефонски разговор на 20 февруари, Макрон еднаш го крева гласот против Путин. И тоа кога рускиот претседател бара да се спроведат барањата на сепаратистите од Донбас.

„Не знам каде твоите адвокати го учеле правото и законот кога велат дека во една суверена држава нацрт-законите треба да ги предлагаат сепаратистите, а не демократски избраните влади“, рекол Макрон.

Путин одговорил дека украинските власти не се демократски избрани. „Тие дојдоа на власт со крвав пуч. Луѓето беа живи палени“.

„Путин секогаш лаже“

Макрон се обидува да посредува. Тој нуди разговор со Зеленски и бара од Путин да ги повлече војниците од границите на Украина за да се смири ситуацијата. Предлага средба со својот американски колега Џозеф Бајден во Женева. Путин во суштина се согласува, но вели дека мора да се посоветува со Кремљ.

Таму, во филмот, се гледа како шефот на француската дипломатска служба вели: „Путин секогаш лаже.“ И навистина, средбата предложена од Макрон не се одржа. Руските трупи извршија инвазија.

На крајот од разговорот Путин кажува кои се неговите приоритети: „Ти благодарам, Емануел. Секогаш е убаво да се разговара со тебе, бидејќи си веруваме еден на друг“, вели тој. „Не сакам ништо да кријам од тебе, но сега сакам да играм хокеј“.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Војната во Украина ја разоткри вистината за Русија, но и вистината за Европа. 

повеќе

Несанкционирањето на овој говор доведува до повторување, ширење и злоупотреба на овие аномалии како еден вид „нормализиран“ начин во политичката борба против поединци и групи со различни мислења.

повеќе

Потписниците на нотарските изјави дека нема да гласаат за измените на Уставот се подложни на промени за материјално благо.

 

повеќе