Вучиќ за Политико: Западниот Балкан мора економски да се обедини

Иднината на Балканот денес изгледа многу посветло отколку што многумина можеа да замислат пред две децении, пишува српскиот претседател во авторскиот коментар за Политико.

„Балканските војни земаа 100.000 животи и примораа милиони да ги напуштат своите домови. Економијата на регонот лежи во урнатини, а многумина од нашите најпаметни луѓе заминаа во потрага по подобар живот. Политичките лидери на спротивставените страни не си веруваа едни на други и немаа реална визија за иднината“, пишува Александар Вучиќ.

Тој потоа пишува дека како млад не увидел што сѐ може да се постигне со соработка, што дел од хрватските медиуми го протолкуваа како своевидно извинување.

„Како млад човек, тогаш не сфаќав што сѐ може да се постигне со соработка и покрај разликите. Но, сега знам дека мојата земја плати висока цена за националистичките ексцеси“, пишува Вучиќ.

Тој истакнува дека ситуацијата сега ни покажува дека бариерите може да се урнат со доволно заедничка волја. „Односите меѓу земјите во регионот драматично се трансформираа во изминатата деценија“.

Во таа смисла, продолжува Вучиќ, членството во ЕУ не би требало да ни биде цел сама по себе, туку е одговорност на лидерите да создадат услови кои ќе придонесат на растот и просперитетот на земјите од регионот. „Мораме да ги исполнуваме ветувањата што им ги даваме на нашите луѓе“, пишува Вучиќ.

Тој додава и дека слободниот проток на стока, луѓе и капитал би го направил целиот регион поатрактивен за инвеститорите, бидејќи „иако сме ние мали играчи, заедно сочинуваме пазар од 20 милиони луѓе“.

Западниот Балкан, според него, ги искуси деструктивните ефекти на национализмот од прва рака. Сега би требало да гледаме надвор од нашите граници и да се фокусираме на она што нѐ поврзува. Во тоа секако може да ни помогне поголемата економска поврзаност која, истакнува српскиот претседател, ќе придонесе на културната поврзаност на земјите од регионот и ќе го направи политички стабилен.

„Историјата ни покажа дека економското обединување е клучно за политичката стабилност“, пишува Вучиќ и потсетува на договорот за челик кој ги стопли односите меѓу Франција и Германија по Втората светска војна.

„Прашањата кои нѐ обединуваат се посилни од оние кои нѐ раздвојуваат. Сите сакаме стабилност. Сите сакаме да ги подобриме условите за живот на нашите луѓе. А тие цели можеме да ги постигнеме само преку поголема економска соработка“, заклучува Вучиќ.

Брисел не мора да има шпион во Кремљ за да дознае дека Москва ќе стори сè што може за да ја спречи Македонија да се приклучи во НАТО - не поради нејзиното стратегиско значење, туку поради симболичната вредност на потегот, вели политичкиот експерт Иван Крастев за Гардијан.

повеќе

Македонија не е единствената жртва на ваквото здодевно силеџиство на Грција. Грчката влада се расправа и со Албанија и со Турција, вели принцот Мајкл од Лихтенштајн.

повеќе

Нема законски пречки да се снима полициски службеник за време на вршење на должноста, иако полицијата се противи на тоа.

повеќе