Француски Фигаро за српскиот претседател

Вучиќ ја користи кризата за да се претстави како спасител: Лично одење по респиратори, солзи за кинескиот брат

Претседателот на Србија Александар Вучиќ никогаш не престана со кампањата, а управувањето со кризата на коронавирусот ја користи за да се претстави како „спасител“ на нацијата, пишува францускиот весник Фигаро.

Giant photo of Serbian President Aleksandar Vucic shaking hands with Chinese President Xi Jinping in Belgrade, Serbia, 11 May 2020, EPA-EFE

Во Србија беа воведени најрадикални мерки – вонредна состојба и полициски час, и тоа без консултација со парламентот, а Вучиќ „ја продолжи својата кампања со управувањето со кризата претставувајќи се како спасител на нацијата. Таа пропаганда се користеше на конференциите за новинари кои беа речиси секојдневни“, оцени Фигаро.

Францускиот весник потсети на изјавата на Вучиќ, дадена на 7 април, дека, ако треба, самиот ќе седне во авион и ќе оди по респиратори.

„личната испорака на респиратори, телефонските повици до пациентите, изразување благодарност со солзи во очите до кинескиот „брат“ или „пријателите“ од Обединетите Арапски Емирати... Тоа претставува составен дел на комуникацискиот систем кој е воведен откако е тој (Вучиќ) на власт – тој е неприкосновениот лидер, таткото на нацијата. Него го консултираат за сѐ и тој одлучува за сѐ“, оценува академикот Душан Теодоровиќ за Фигаро.

Се додава дека тонот на Вучиќ се менувал од загриженост кон закани.

„Нема да има доволно место на гробиштата ако мерките не се почитуваат“, кажа претседателот на Србија, кого го цитира францускиот весник и додава дека оние кои се осмелиле да кажат дека станува збор за „злоупотреба на власта и брутална политичка кампања“ се сменети, како помошник градоначалникот на Нови Пазар или не можеле да добијат дозвола за да отворат болница за вирусот, како во Шабац.

Францускиот весник го пренесува примерот на новинарите кои поставувале „премногу незгодни прашања“ на конференциите за медиуми, поради што конференциите беа без новинари. Фигаро потсетува, меѓу другото, на случајот со заканите на новинарката на неделникот Време Јована Глигориевиќ, како и приведувањето на новинарката Ан Лалиќ од Нова, и Татјана Лазаревиќ од Коссев, единствениот независен медиум на северот на Косово.

Во таа задушена демократија, меѓународната организација Фридом хаус во последниот извештај наведува дека во Србија има „константен пад“ на владеењето на законите.

Францускиот весник пишува и за бучавата која граѓаните ја прават навечер, за да го кренат гласот против диктатурата, но и одговорот на таа бучава со палењето факели и навредувањето на опозицијата во организација на младите фудбалски навивачи кои се под контрола на власта.

Фигаро додава дека продолжуваат тензиите меѓу опозицијата и припадниците на силите за безбедност пред српското собрание, кое ја продолжи работата на 5 мај, а тоа може да навести и евентуално насилство, особено со интензивирањето на кампањата.

„Чувствувајќи ја растечката огорченост, претседателот Вучиќ ги закажа парламентарните и локалните избори за 21 јуни по одложувањето поради епидемијата на вирусот, и забрзано во последните денови почна со ублажување на карантинските мерки“, заклучува францускиот весник.

Легенда под Главна слика

Giant photo of Serbian President Aleksandar Vucic shaking hands with Chinese President Xi Jinping in Belgrade, Serbia, 11 May 2020, EPA-EFE

Доколку нешто радикално не се промени, не можеме да очекуваме дека нашата економија брзо ќе се нормализира и ќе излезе од сегашната криза.

повеќе

Како да разликуваш дали „Македонец” означува етничка припадност или државјанство? Според потребата на моментот!

повеќе