Канал Истанбул

Втор Босфор: Ердогановиот сон е кошмар на Истанбул (ВИДЕО)

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган сака да изгради, ни помалку ни повеќе, втор Босфор. Според експертите, штетата за економијата и животната средина би била огромна. Затоа опозицискиот градоначалник на Истанбул сака тоа да го спречи.

Турскиот претседател Ердоган е познат по тоа што сака меголамански градежни проекти во Истанбул, како новиот аеродром, најголемата џамија во Турција или тунелот кој минува под Босфор. Но тоа не е ништо во споредба со неговиот најнов потфат: изградба на истабулски канал.

Турската влада планира да изгради втор Босфор – копија на мореузот кој минува низ Истанбул, метрополата со 16 милиони жители. Во западниот дел од градот би требало да никне вештачки канал со должина од 45 километри кој би се протегал  паралелно со Босфор и би го поврзувал Црното со Мраморното Море. Со тоа, како што соопшти владата, би се растеретил интензивниот поморски сообраќај на Босфорот, а би се спречиле судири и несреќи.

Планирањето на проектот почна во 2011, а потоа повеќе години околу тоа прашање ништо не се случуваше. Сега турската влада повторно ги ископа тие планови, а Ердоган најави дека наскоро ќе биде распишан и тенедер за изградба на каналот. Министерството за животна средина и урбанизам ја провери исправноста на планираниот проект и му даде зелено светло.

Градоначалникот Имамоглу

Реализацијата на Ердогановиот најнов мегапроект, меѓутоа,  го отежнува тоа што во меѓувреме во градот на Босфор односот на моќта се смени. Социјалдемократот Екрем Имамоглу од партијата ЦХП стана градоначалник на Истанбул, и со тоа газда на градскиот буџет. Тој е првиот градоначалник во последните 25 години кој не доаѓа од партијата на Ердоган АКП. И тој е против изградбата на каналот.

Имамоглу вели дека тоа е „предавство на Истанбул“ и оценува дека е „проект-убиец“. Вели дека на изградбата на каналот ќе ѝ се спротивстават 16 милиони луѓе. По неговите зборови следеа и дела. Имамоглу го раскина протоколот за соработка кој претходната градска управа го договори со владата во Анкара.

Новиот градоначалник на Истанбул, бројни граѓани и експерти не ја поддржуваат идејата за изградба на каналот пред сѐ поради големите трошоци, но и поради енормните проблеми со заштитата на животната средина. Проектот би можел да има огромни последици по природата во тој регион, вели експертот за животна средина Догунај Толунај од Универзитетот Истанбул.

Таму каде што е планирано да мине каналот за истанбулските извори и резерви на вода. Градењето би го загрозило сложениот екосистем на регионот.

„Пејсажите со дините на северот на градот во рамки на кои се заштитените шуми, природни паркови, потоци и пасишта, се важен екосистем. Тој регион го настануваат стотици растителни и животински видови“, предупредува Толунај. Сериозното нарушување на екосистемот би можело да има и економски последици: „Рибарите во Црното Море и земјоделците ќе мораат да го напуштат тој крај“.

Мегапроект – мегатрошоци

А кога станува збор за цената на проектот, официјално се зборува за 11,5 милијарди евра. Експертите меѓутоа предвидуваат дека изградбата на каналот ќе чини многу повеќе. Проектот се изведува „врз грбот на даночните обврзници“, критикува ЦХП, најголемата опозициска партија во Турција.

„На проектот му недостига и економска оправданост“, тврди економистот Мустафа Сонмез, „бидејќи Босфор има сосема добри услови за пловење на бродовите и овозможува добар проток“.

Зголемен ризик од земјотреси

Критичарите предупредуваат дека каналот би можел негативно да влијае и врз тектонските пукнатини длабоко во земјата – што би можело да резултира со зголеме ризик од земјотреси. Агенцијата за катастрофи и кризни ситуации (АФАД) г негира тие тврдења и порачува дека не постои врска меѓу ризикот од земјотреси и изградбата на каналот.

Тоа меѓутоа не им звучи уверливо на многу жители на градот. Градоначалникот Имамоглу го препозна нивниот страв и предупреди дека помеѓу каналот и Босфор би се создал еден вид остров и дека осумте милиони жители кои таму живеат би биле „заробени“ во таа област, склона на потреси.

Градоначалникот го критикуваше и тоа што земјиштето покрај каналот им е продадено на арапски инвестироти – вклучувајќи и членови на кралските семејства. На тоа Ердоган кажа: „Зарем тоа е забрането? Да се инвеститорите Ханс или Џорџ никој не би се бунел“.

„Каналот ќе се гради“

Проектот за изградба не е во надлежност на градоначалникот Имамоглу и истанбулската градска управа – повторуваат високи функционери на Ердогановата АКП. Бидејќи каналот Истанбул, како што истакнуваат, не е локален туку национален проект.

Ердоган со години кажува дека проектот за изградба на тој канал е негов „сон“. За скептиците нема разбирање: „Му се допаѓа тоа некому или не, ние ќе го градиме Истанбулскиот канал. Нема да им дозволиме на луѓето без визија и цел, на оние кои не ја сакаат нашата земја, да нѐ одвратат од ова“, вети претседателот.

„Нема да се занимаваме со злата програма на опозицијата, бидејќи не сакаме да изгубиме ниту една секунда“.

Благодарејќи на коронавирусот, граѓаните го видоа вистинското лице на  оваа натприродна организација, наречена државна администрација. Алчна, себична, несолидарна, нечувствителна.

повеќе

Солидарноста е единствениот начин за надминување на оваа криза.

повеќе

Ама бидејќи капиталисти со ситни души ја владеат земјава јас и ти ќе плаќаме, коментираат бизнисмените.

повеќе