По промената на статусот на Аја Софија

Вселенскиот патријарх Вартоломеј не може да го одржи единството во православниот свет

Вселенскиот патријарх Вартоломеј му се заблагодарил на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган за реставрацијата на православниот манастир Панагија Сумела кај Трабзон.

EPA-EFE

Вартоломеј во телефонскиот разговор со Ердоган не се сетил да го искоментира претворање во базиликата Аја Софија во џамија.

„Тој е турски граѓанин и затоа не може ништо да направи, освен да молчи, објаснува за Спутник експертот за верски прашања Николаос Савопулос.

Во исто време меѓу верските аналитичари владее мислењето дека Вартоломеј не може да го сочува единството на православантаа црква.

„Првиот меѓу еднаквите“ епископ во друштвото на православните цркви, изгледа остана осамен и во ќорсокак, поради ситуацијата во православниот свет, која тој ја создаде давајќи ѝ автокефалност на црквата во Украина. Реакцијата на важните луѓе би требало да биде посилна. Иако ситуацијата со статусот на црквата Света Софија се случи во ситуација на православно слабеење и патријархот Вартоломеј има одговорност за тоа“, изјави за Спутник Теодорос Зизис, почесниот професор на Богословскиот факултет на Универзитетот на Аристотел во Солун.

„Ако патријархот Вартоломеј се позанимава со тоа да ја зачува обединета православната црква, тогаш неговата поддршка би била посилна, дури и кога не би успеал други би помогнале. Но поради несогласувањата, за кои токму тој носи одговорност, реакцијата на православните цркви е слаба“, додаде тој.

Според мислењето на професорот, важна причина за тоа што вселенскиот патријарх не го изразува своето мислење може да биде стравот од реакција на муслиманскиот народ и страв од нови немири, како оние во септември 1955.

Од друга страна експертот за верски прашања Јоанис Тацис смета дека дејствување на Турција не наиде на пречки токму поради разурнатото единство на православието што е последица на одлуките на вселенскиот патријарх.

„Православните цркви имаат исто мислење дека Аја Софија не треба да стане џамија. Сепак, тие не можат да излезат со заедничка изјава. Тие не можат да организираат Сеправославен собир. Тоа е последица на настаните во Украина. Расколот во православието претставува тешкотија за одлучувањето и изразувањето на позицијата. Трагично е што старешините на црквите не можат да дојдат до решение. Сето тоа укажува на недостиг на кохезија не само на темата на цркавата Света Софија, туку и за можните проблеми во иднина. И Ердоган, и меѓународната заедница гледаат дека раскол постои, и никој нема сериозно и со почитување да се однесува кон таква црква“, меѓу другото наведува Тацис.

Компензација на Ердоган за Аја Софија

Тацис ја окарактеризира литургијата на 15 авгист во манастирот Панагија Сумела како обид да се сврти вниманието.

„Може ли литургијата на 15 август да го компензира фактот дека Турците црквата Света Софија ја користат како џамија? Нормално дека не“, истакнува тој.

„Ердоган е итар. Тој ја зема црквата Света Софија и ја претвора во џамија, притоа го отвора манастирот Панагија Сумела и ние му се заблагодаруваме“, вели Димитрис Ризос.

Аналитичарите се сложуваат дека одговорот барем на Грчката православна црква на темата на промената на статусот на Аја Софија можел да биде многу посилен.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

СКСМ - комора на иднината, САП системите - иднина на македонскиот бизнис.

повеќе

Кусокот во глобалното производство на вакцини против КОВИД-19 може да се надомести доколку на производителите ширум светот им се даде пристап до потребната технологија и знаење. 

повеќе

Европа е решена да се ослободи од меката моќ на Москва (енергенсите), а и на дипломатско поле сака да и стави до знаење дека и за неа ќе има „црвени линии“. 

повеќе