Избори во Боливија

Враќање на левицата и на Моралес?

Убедливата победа на социјалистичкиот кандидат Луис Арсе на претседателските избори во Боливија значи дека левичарската партија на поранешниот лидер Ево Моралес е на добар пат да ја врати власта од конзервативците, и дека социјалистичкиот домороден лидер и понатаму има значително влијание во земјата и покрај тоа што е во Аргентина во егзил.

EPA-EFE

Луис Арсе, поранешниот министер за финансии во времето на Моралес прогласи победа по објавувањето на првичните резултати. „Ја вративме демократијата и пред сѐ ја вративме надежта“, кажа 57-годишниот економист, познат по прекарот Лучо.

Арсе вети дека ќе стави крај на неизвесноста која ја зафати неговата земја од октомври 2019 година кога обвиненијата дека неговата партија ги украла изборите резултираа со масовни улични протести, поништување на претседателските избори, а Моралес беше приморан да ја напушти земјата во пучот кој неговите поддржувачи го нарекуваат расистички и десничарски.

„Ќе владееме за сите Боливијци... ќе ја обединиме нашата земја“, кажа Арсе. Моралес во Аргентина ја славеше убедливата победа на својата партија. „Сестри и браќа – победи волјата на народот“, објави на Твитер Моралес, клучниот член на јужноамериканскиот „розев“ бран кој владееше од 2006 до драматичниот пад минатата година.

Дури и најголемата ривалка на Моралес, десничарската претседателка Жанин Ањез призна дека левицата победи на изборите. „Сѐ уште ги немаме официјалните бројки... меѓутоа според информациите со кои располагаме Арсе победи на изборите. Им честитам на победниците и барам од нив да владеат мислејќи на Боливија и демократијата“, напиша Ањез на Твитер.

Оваа победа претставува сензационално враќање за Движењето за социјализам (МАС) на Моралес, кое претрпе жесток удар минатата година откако лидерот мораше да избега откако го доби и четвртиот претседателски мандат.

„Добија поддршка како кога Ево првпат беше избран во 2005 година“, вели за Гардијан Џим Шулц, основачот на Демократскиот центар. За конзервативната влада во заминување на Ањез, која ја презема власта по заминувањето на Моралес, ова е жесток удар, „Ова ни кажува дека десницата во Боливија нема широка политичка поддршка – не е ни блиску до тоа“, вели Шулц.

„Десното крило доби прилика да владее и покажаа дека само ги интересира сопствената моќ и дека ги презираат домородците и сиромашните во земјата. Покажаа дека само се претвараат дека имаат легитимитет, дека го толерираат кршењето на човековите права и неказнивоста, дека се нестручни и корумпирани. И луѓето решија дека им е доста“, вели Шулц.

Противниците на социјалистите тврдат дека Арсе е само марионета на Моралес, кој сега ќе се врати во татковината. Меѓутоа, Арсе се обиде да се дистанцира од Моралес за време на кампањата, а неговите сојузници кажаа дека човекот кој ќе стане претседател на Боливија не му е подреден на никој.

„Категорично тврдам дека Ево нема да се меша во владеењето на братот Луис Арсе“, кажа Давид Апаза, лидерот на МАС во еден град во близина на Ла Паз. „Другарот Ево во свое време беше клучниот елемент, главниот протагонист... Но сметаме дека нашиот другар сега треба да се одмори, додека братот Арсе го презема водството“. Меѓутоа, како што потсети Форин полиси, во Биливија немало мирна смена на власта од 2002 година и избивање на насилство е секогаш возможно.

„Историјата и моменталната напната состојба во Боливија укажуваат дека следниот избран претседател веројатно ќе се соочи со протести и ќе биде приморан да поднесе оставка“, тврди аналитичарот Џејмс Босворт и додава дека тоа е песимистичното, но многу можно сценарио за претстојните години.

Спроведени за време на пандемијата на коронавирусот, изборите во неделата се сметаат за тест на демократијата во државата на Андите откако минатогодишните избори беа поништени поради обвинувањата за кражба, што предизвика крвави протести и доведе до оставката на Моралес по 14 години на власт.

„Ова беа најважните избори откако Боливија се врати на демократијата во 1982 година“, вели за Ројтерс политичкиот аналитичар Карлос Валверде. Во неделата, жителите на Ла Паз, градот поделен по расни и класни линии, мирно излегоа на гласање и чекаа во редови за да избегнат гужви на гласачките места. Многумина кажаа дека резултатот може да доведе до нови насилства.

„Се надевам дека сѐ ќе помине мирно и дека следната влада ќе пружи решенија кои Боливијците ги очекуваат“, кажа за Ројтерс аналитичарот Давид Виљароел.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Како што тргнало, на крај, кога ќе го оствариме сонот и конечно ќе влеземе во ЕУ, ќе бидеме нација X, со јазик Y, со националност Z? Кој ќе се радува на тоа?

повеќе

Зошто да не му веруваме на лидерот кој е на чело на колоната запатена кон ЕУ?

повеќе

Логиката е кога веќе се успеа со Преспанскиот договор, кога веќе отстапката е потпишана, зошто да не се направи тоа и со Бугарија.

повеќе