Војските од регионот имаат купишта артилерија од Студената војна

Војските на регионот располагаат со нешто повеќе од 1.400 артилериски оружја но и понатаму главно се потпираат на моделите од Студената војна.

EPA-EFE

Од друга страна ретко кои оружени сили вложуваат во модернизација.

Како што наведува порталот Балканска безбедносна мрежа, повикувајќи се на податоци од Милитари баланс, најмногубројна артилерија има Романија, која располага со 675 парчиња, додека на второ место е српската војска со 286, но арсеналот и понатаму е главно застарен.

Главнината на романската артилерија ја сочинуваат околу 350 влечни хаубици од 152 милиметри, но станува збор за многу ранливи оружја во современи услови на борба бидејќи им треба премногу време да заземат позиција за гаѓање и напуштање на позицијата.

„Најголемиот адут на романската артилерија се повеќецевните лансери на ракети. Романија располага со 54 понови повеќецевни лансери ЛАРОМ со дострел од 20 и 45 километри. Тој систем има автоматизиран и дигитализиран систем на работа, а ракетите се многу прецизни. Поради тоа Ларом во моментов е најмоќниот лансер во употреба во регионот“, наведува Балканска безбедносна мрежа.

Најголем дострел во српската артилерија има ракетниот лансер М-87 „оркан“, со дострел од 50 километри, а српската војска има три во оперативна употреба. Не се последен збор на техниката, но НАТО авијацијата во 1999 година не успеа да ги погоди иако беа користени во конфликтот на Косово.

Се додава дека на трето место по бројноста на артилеријата со 124 парчиња е Босна и Херцеговина, потоа Бугарија со 96 артилериски оружја, па Македонија со 86 цевки, меѓу кои 17 повеќецевни ракетни лансери „град“ и „пламен“.

Една од земјите со релативно модерна артилерија е Хрватска, но таа со 67 оружја е на дното на табелата. „Рбетот на хрватската артилерија се 12 самоодни хаубици ПзХ-2000 кои се набавени како половни од германската војска и кои имаат моментално најдобри тактичко-технички карактеристики во својата категорија во регионот. Иако не се многу брзи, бидејќи имаат гасеници, квалитетот е врвен, а максималниот дострел со стандардни гранати е 40 километри. Постојат и гранати со поголем дострел и прецизност, но Хрватска не ги поседува“, се додава.

Унгарија има само 31 хаубица, на претпоследното место е црногорската војска со 30 артилериски оружја, а на последното место е Словенија со 18 топ-хаубици ТН-90 од израелско производство.

Албанија е единствената земја во регионот која нема артилерија.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Секој може да биде менаџер во „добри денови", но најчесто менаџерската работа не е за „добрите денови" туку постојан баланс помеѓу проблемите и можностите за оптимизирано управување на компанијата.

повеќе

Нека се соберат во Дојран, нека се договорат и нека нѐ известат. Сите други пак нека се спремаат за вистински избори во постпандемискиот период.

повеќе

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе