„Војната“ на Полска и Русија: постсталинистичкиот ревизионизам на Владимир Путин

Претседателот на Полска Анджеј Дуда го обвини рускиот претседател Владимир Путин за постсталинистички ревизионизам.

Путин е еден од главните говорници на денешното одбележување на 75-годишнината од ослободувањето на германскиот нацистички логор Аушвиц-Биркенау во Ерусалим, а Дуда го бојкотира настанот.

Полскиот претседател истакна дека светот треба да им оддаде почит на жртвите на холокаустот на меѓународниот ден на нивното сеќавање во самиот логор Аушвиц, на 27 јануари.

„Би сакал тој собир да биде таму каде што секогаш бил на тој ден, во германскиот нацистички логор на смртта Аушвиц-Биркенау. Тоа е местото што го чуваме за светот никогаш да не ја заборави страшната лекција, такво нешто повеќе да не се случи во историјата. Според мене меѓу тие бараки, гасни комори, меѓу тие страшни сведоци на холокаустот, кај споменикот кој потсетува на жртвите на холокаустот, тука сме должни да им оддадеме почит на жртвите“, кажа полскиот претседател.

Руско-полскиот спор околу поновата историја, пред сѐ околу околностите на избивањето на Втората светска војна изби со сета жестокост сега, пред 75-годишнината од ослободувањето на најголемиот логор на смртта кој Хитлерова Германија го изгради во окупирана Полска, Аушвиц-Биркенау. Црвената армија го ослободи логорот на 27 јануари 1945 година.

Светскиот ден на сеќавањето на жртвите на холокаустот за првпат годинава меѓународно се одбележува на две места, денес во Ерусалим со форум во организација на израелскиот институт Јад Вашем и вообичаено на 27 јануари во самиот Аушвиц.

„Евреите граѓани на Полска претставуваат најголем дел од жртвите на холокаустот. Во врска со тоа да добијам збор како шеф на полската држава за мене беше нешто очигледно и природно. Официјално ни кажаа дека е предвидено обраќање на сојузниците. Ние исто така бевме сојузници. Полските војници исто така се бореа, и на источниот фронт и на западниот, секогаш против Германците“, објасни Дуда зошто демонстративно го одби повикот на годишнината во Ерусалим каде зборува рускиот претседател Владимир Путин, а полскиот не.

Путин во изјави минатиот месец ја обвини Полска дека и таа имала пакт со Германија пред војната, а не само СССР контроверзниот пакт Рибентроп-Молотов за ненапаѓање со Германија. Путин ја обвини предвоена Полска за антисемитизам, нарекувајќи го полскиот предвоен амбасадор во Берлин „антисемитска свиња“. Потоа полскиот претседател свика кризен штаб на експерти за молскавично да се одговори на евентуалните обвинувања ако Путин ги повтори денес во Ерусалим.

„Претседателот Путин свесно шири историски лаги. Се обидува на тој начин да ја намали одговорноста на сталинистичка Русија за избивањето на Втората светска војна заедно со фашистичка Германија. Верувам дека денес многу се срами од тоа“, кажа Дуда.

Во интервју кое го даде за Фајненшл тајмс, полскиот претседател истакна дека неговото отсуство од Ерусалим е протест против прекројувањето на историјата кое го прави рускиот претседател.

„Да му дадеме на тоа конкретно име – тоа е идеологија, еден вид постсталинистички ревизионизам. Некои тврдат дека е пропаганда, хибридна војна. Некои експерти сметаат дека тоа се зборови за внатрешната пропаганда. За нас тука нема разлика. Се смета тоа што историска лага се шири по целиот свет. А ние тоа апсолутно не можеме да го прифатиме“, кажа полскиот претседател за британскиот весник.

За ширење историски лаги рускиот претседател го обвини и полскиот премиер Матеуш Моравјецки во колумна во Политико и апелираше Европската Унија, која се родила од пепелот на Втората светска војна, да заземе заеднички став и да ги отфрли лажните тези на руската историска пропаганда.

„Тоа што Русија се обидува да ја пренесе на Полска и други земји одговорноста за соработката со германскиот диктатор Адолф Хитлер потсетува на старите времиња. Најновиот обид Полска да се прикаже како виновник а не жртва нема да бидат толерирани. Сега кога светот го одбележува ослободувањето на Аушвиц Русија се обидува повторно да ја пишува историјата“, напиша Моравјецки.

Полскиот премиер предупреди дека Русија во тој нов наратив ги крие своите злосторства, нападот на Полска на 17 септември 1939 година по тајниот анекс на германско-советскиот пакт Рибентроп-Молотов од август таа година, како и окупацијата на балтичките земји во 1940.

Моравјецки ја обвини СССР дека можела да го ослободи концентрациониот логор Аушвиц дури половина година порано, уште во 1944 година, кога Црвената армија била на 200 километри од логорот и да не дозволи нацистите да убијат десетици илјади преживеани логораши, во обид да ги уништат доказите за своето злосторство.

„Тоа не е колумна, тоа е вистинско самоубиство: четири страници со кои премиерот на Полска во себе го уби човечкото“, изјави портпаролката на руското министерство за надворешни работи Марија Захарова.

Претседателот на Русија Владимир Путин не е поканет на 27 јануари во Аушвиц-Биркенау на Денот на сеќавањето на жртвите на холокаустот, иако војниците на Црвената армија го ослободија логорот, а меѓу жртвите на логорот беа голем број советски воени заробеници.

Логорот Аушвиц-Биркенау Германците го изградиле во 1940 година, првично за Полјаците, но од 1942 година од него направила главна фабрика на смртта во кој убиле најмалку 1,1 милион луѓе, главно Евреи, но и Роми, Полјаци, советски војни заробеници и други Словени. Денот кога советската војска го ослободи логорот се одбележува во светот како Ден на сеќавањето на жртвите на холокаустот.

Овогодинешниот процес во одлучување по конкурсот за финансирање на проекти за игран филм е селективен, корумпиран и компромитиран,

повеќе

Во споредба со 2019 година, просечното време поминато на социјалните медиуми во 2020 година се зголеми за рекордни 100% на сите платформи.

повеќе

Ковид-19 може да нѐ научи битни лекции за животот - дека почитта кон другите човечки суштества не е во честа која им ја даваме со пружање рака и тапкање по грбот, туку во суштинската грижа за нивната добробит и здравје.

повеќе