„Војна“ на Русија и Турција зад војната на Ерменија и Азербејџан

Како што се одвива конфликтот меѓу Азербејџан и Ерменија, за областа Нагорно Карабах, сѐ повеќе станува јасно дека зад сето тоа се крие судир меѓу Русија и Турција.

EPA-EFE

Русија има одбранбен сојуз со Ерменија, а Турција ја поддржува својата етничка заедница во Азербејџан, пишува Ројтерс. Во регионот Нагорно Карабах, кој се наоѓа во Азербејџан, мнозинството од населението се всушност Ерменци.

Интензивните оружени судири меѓу ерменските и азербејџанските сили продолжија во планинскиот регион и во текот на ноќта.

Засега никој не може со сигурност да каже кој прв го почна последниот судир на двете држави околу регионот, бидејќи таму конфликтот тлее со децении. Исто така, никој не сака јавно да каже дека зад сето ова се крие „војна“ меѓу рускиот и турскиот лидер.

Но, полека станува очигледно дека, ако конфликтот ескалира, дека тоа Турција и Русија ќе ги стави во многу сериозна позиција, а со тоа и остатокот од светот.

Азербејџан тврди дека е нападнат и во разговорите на претседателот на таа земја со светските лидери се истакнува дека нивните напади со тешка артилерија всушност се контраофанзива, односно дека Ереван е тој кој ја почна најновата војна и дека токму Ерменија треба да се праша кога ќе заврши.

Од друга страна, ерменскиот претседател Никол Пашинјан тврди дека зад сѐ стои Турција. Како што пренесуваат агенциите, тој телефонски разговарал со генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш, како и со германската канцеларка Ангела Меркел.

Наводно разговорот со Гутереш го иницирал првиот човек на ОН, барем така тврди ерменската влада. „Пашинјан подвлече дека за разлика од ескалациите во изминатите години, сегашната ја карактеризира многу активната и пристрасна позиција на Турција и нејзиното директно дестабилизирачко искуство во акциите на Азербејџан“, се наведува во соопштението.

Шефот на ОН разговарал и со азербејџанскиот претседател Илхам Алиев, повикувајќи на моментален прекин на огнот во Нагорно Карабах.

Портпаролот на генералниот секратар на ОН Стефан Дижарик изјави дека таа организација не може самостојно да ја верификува вистинитоста на тврдењата дека Турција се меша во конфликтот околу Нагорно Карабах и повика да се одобри пристап на набљудувачка мисија на ОБСЕ на зоната на конфликтот.

Меѓутоа, Пашинјан разговарал и со германската канцеларка Ангела Меркел која ја повикал „да ја заузда агресивната политика на Турција“ во регионот.

Турција веднаш застана на страната на Азербејџан, а во прилог на тоа е и објавата на Ердоган на социјалните мрежи дека Турција, како и секогаш, со сите расположиви средства ги поддржува азербејџанските браќа и сестри. Ердоган ја обвини Ерменија дека го доведува регионот во опасност. Кажа и дека конечно дошло времето за ослободување на Азербејџан од окупација.

Од друга страна, Путин е на страна на Ерменија. Путин разговарал со лидерот на Ерменија, а како што пренесоа агенциите, ставот на рускиот претседател е дека судирите мора да престанат. Сепак, ставот на Русија е дека Ерменија мора да се брани.

Баку на 27 септември објави дека Ерменија ги гранатирала позициите на азербејџанската војска, а Ереван пак тврди дека азербејџанските оружени сили тргнале во офанзива кон Нагорно Карабах, гранатирајќи ги регионалните населби, вклучувајќи го и главниот град Степанакерт. Двете страни пријавија жртви, вклучувајќи цивилни жртви. И Ерменија и Азербејџан прогласија вонредна состојба и мобилизација на војските.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Во Македонија само 1% од младите професионално се занимаваат со спорт, 7% спортуваат аматерски, додека 42% спортуваат рекреативно или практикуваат физичка активност во вид на хоби и рекреација.

повеќе

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе