Воен аналитичар: Црна Гора не може да излезе од НАТО, но може да го повлече признавањето на Косово

Воениот аналитичар Александар Радиќ оцени денес дека, во овој момент, не постои процедура по која Црна Гора би можела да го напушти НАТО.

EPA-EFE

Тој кажа дека тоа би било политички многу бесцелно, но дека евентуалното повлекување на признавањето на Косово е „сосема друга тема“.

Во изјава за агенцијата Бета, Радиќ кажа дека во политиката практично сѐ е можно, и дека може да се замисли и сценарио по кое партиите кои добија шанса да формираат нова влада на Црна Гора, би посакале таа земја да го напушти НАТО, но за тоа не постои процедура во првите 20 години од членството па таков евентуален потег би можел да предизвика конфликт со целата западна цивилизација.

„Ако биде формирана нова власт во Црна Гора, мислам дека за нив би било прагматично да не ја радикализираат ситуацијата и да не ја повторат грешката која токму Мило Ѓукановиќ ја направи околу прашањето на НАТО: тогаш кога секое противење на НАТО го изедначуваше со припадност на српскиот народ и кога инсистираше на тоа дека „кој е против НАТО е Србин – а кој е Србин тој е против Црна Гора и независноста“. Изборните резултати покажаа дека тоа баш и не е така“, кажа Радиќ.

Тој укажа дека целокупната црногорска историја била проткаена со поделби, но дека во изминатите четири години е создадена многу радикална атмосфера, поради што на новата власт би ѝ било паметно да оди кон решенија кои се прифатливи за поголемиот број граѓани.

„Во таква ситуација за новата власт, кога ќе биде формирана, е паметно да биде внимателна и да направи квалитетна проценка во какво опкружување Црна Гора се наоѓа. И добро да процени што со тоа се добива, а што се губи. А сето тоа прашањето на НАТО го става во друг контекст и ја прави помалку важна дилемата дали е воопшто и можно во првите 20 години да се напушти НАТО“, кажа тој.

За Радиќ, меѓутоа, повчекувањето на признавањето на Косово е сосема друга тема и смета дека би било големо изненадување кога новата власт не би го отворила тоа прашање.

„За разлика од НАТО, кој е многу поширок контекст, бидејќи дури и Србија сака да биде во пријателски односи со тој сојуз сѐ до точката во која од неа ќе биде побарано да стане членка, прашањето на Косово и досегашните повлекувања на признавањето покажаа дека постои многу елегантен начин тоа да се направи“, кажа Радиќ.

Тој истакна дека токму Ѓукановиќ имал погрешна политика дека Црна Гора може да се гради само со повлекување антисрпски потези во надворешната и регионалната политика.

„Евентуалниот став за повлекување на признавањето во најмала рака би претставувал акт на унапредување на добрососедските односи. Ни во кој случај не треба да се изедначува повлекувањето на признавањето со истапувањето од НАТО. Признавањето на Косово не ни смееше да се случи, ниту да дојде на дневен ред и тука Црна Гора, во најмала рака, мораше да биде неутрална, односно не смееше да го признае“, кажа Радиќ.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Во Македонија само 1% од младите професионално се занимаваат со спорт, 7% спортуваат аматерски, додека 42% спортуваат рекреативно или практикуваат физичка активност во вид на хоби и рекреација.

повеќе

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе