Цели 11 отсто

Во Србија расте поддршката на членството во НАТО

Поддршка за членство на Србија во НАТО даваат 11 отсто од граѓаните на Србија, додека 77 отсто се против, а 12 отсто се неодлучни, покажува најновото истражување на српскиот Институт за европски прашања и истражувачката куќа Нинамедија.

Истражувањето, направено од 6 до 12 март на примерок од 1.203 анкетирани покажува дека мажите и анкетираните помлади од 60 години имаат посилен став околу поддршката на членството на Србија во НАТО, како и дека во последните пет години најмал број анкетирани се против членството.

Петтина од анкетираните кажале дека би прифатиле извинување од НАТО за бомбардирањето, 69,1 отсто кажале дека не би прифатиле, а 9,3 отсто се неодлучни по тоа прашање.

Исто така половина од анкетираните сметаат дека по бомбардирањето на СР Југославија сѐ уште не е време за помирување, 35,9 отсто сметаат дека треба да дојде до помирување, додека 12,7 немаат јасен став.

Дека Србија не може да има корист од членството во НАТО сметаат 64,8 отсто од граѓаните, додека 19,5 сметаат дека таа е можна, а 15,7 се неодлучни.

Кога станува збор за поддршката за соработката на Србија и НАТО, 57,2 отсто од анкетираните се против, што е за 4 отсто помалку од минатогодишното истражување, 31,9 отсто се за соработка, а 10,9 отсто се неодлучни.

За причините на НАТО бомбардирањето, најголеми број Срби, 12,7 отсто ги наведуваат интересот и политичките причини на САД и Западот, десетина отсто го наведуваат воениот интерес на САД, осум отсто политиката на Слободан Милошевиќ, а 7,4 отсто стратегиските и геополитичките цели.

Повеќето анкетирани (40,8 отсто) сметаат дека од последиците на НАТО бомбардирањето настрадале меѓу 2.000 и 5.000 лица, 27,7 отсто наведуваат над 5.000, 3,6 отсто сметаат дека загинале 754 лица, 1,3 отсто анкетирани мислат дека таа бројка се движи меѓу 1.00 и 2.000 луѓе, додека 26,7 отсто не се изјасниле.

Просечната оценка на односот на Србија и НАТО на скала од 1 до 5 е 2,26, покажа истражувањето.

Кога кризата со коронавирусот ќе заврши, светот повеќе нема да биде ист, концептот на неолиберализмот ќе биде редизајниран.

повеќе

Благодарејќи на коронавирусот, граѓаните го видоа вистинското лице на  оваа натприродна организација, наречена државна администрација. Алчна, себична, несолидарна, нечувствителна.

повеќе

Солидарноста е единствениот начин за надминување на оваа криза.

повеќе