Пресек на состојбата во регионот

Во Србија и понатаму најмногу заразени во однос на бројот на жителите

Во регионот, во однос на бројот на жителите, најмногу заразени со коронавирусот има во Србија, на второто место е Македонија, а на третото Словенија.

Во Србија се регистрирани 1.459 заразени на милион жители, во Македонија 805, а во Словенија 706 инфицирани на милион жители.

На четвртото место е Босна и Херцеговина со 609 заразени на милион, потоа следат Хрватска со 541, Црна Гора со 514 и Албанија со 304 инфицирани на милион жители.

Бројот на инфицираните се изразува на милион жители поради поквалитетно споредување.

Во однос на бројот на заразените најголема е смртноста во Словенија, 6,98 отсто, потоа во Македонија со 5,5 отсто, во БиХ 5,29 и во Хрватска 4,12 отсто.

Стапката на смртност во Албанија е 3,54, во Црна Гора 2,78 и во Србија 2,15 отсто.

Најмногу тестирани на милион жители има во Словенија, 30.884 на милион жители, на второ место е Србија со 21.739, а на трето Црна Гора со 15.560.

На четврто место е БиХ со 12.260 на милион жители, Хрватска со 11.666 и Македонија со 9.386 тестирани на милион жители.

Доколку нешто радикално не се промени, не можеме да очекуваме дека нашата економија брзо ќе се нормализира и ќе излезе од сегашната криза.

повеќе

Како да разликуваш дали „Македонец” означува етничка припадност или државјанство? Според потребата на моментот!

повеќе