Во Русија се одржуваат регионални избори, би можеле да ја разнишаат централната власт

Денес во Русија се одржуваат над 9.000 избори на локално и регионално ниво. Резултатот би можел да има влијание и врз политиката на Кремљ, каде особено се следи рката за 18 гувернерски места.

EPA-EFE

Во 11 региони и 22 града се бира состав на локалните парламенти, додека на други места се бираат членови на државната Дума.

Гласањето овој пат доаѓа во незгоден момент за Единствена Русија, партијата на претседателот Владимир Путин. Имено, неодамна, поради тешкиот период за руската економија, донесена беше непопуларна пензиска реформа. На истокот на земјата апсењето на гувернерот Сергеј Фургал поради наводна вмешаност во убиство од пред 15 години предизвика големи протести кои сѐ уште траат.

Сенка на изборите фрла и случајот на водечкиот опозициски политичар Алексеј Навални кој, според наодите на специјална лабораторија на германската војска Бундесверот, бил отруен со нервен агенс од групата новичок. Навални пред три недели беше префрлен во Берлин на лекување.

Пред да биде отруен, Навални во сибирските градови водеше кампања за регионалните и локалните избори. Неговиот тим се залага за „паметно гласање“, каде опозициските гласачи секогаш би требало да гласаат за опозицискиот кандидат кој има најмногу шанси.

Сергеј Бојко, кој ја предводи опозициската коалиција за градските избори во Новосибирск, вели дека власта ја саботира нивната кампања и дека на некои кандидати им е забрането учеството.

„Нормално дека се плашат од нас. Бидејќи, ние можеме да инспирираме други градови. Ако го скршиме мнозинството на Единствена Русија, тоа на остатокот од земјата ќе му покаже дека е возможно. Ако се здружиме и излеземе на гласањето, можеме да го скршиме нивниот монопол“, вели Бојко за Дојче веле.

Актуелните избори се набљудуваат под специјална лупа бидејќи за една година следат парламентарни избори во целата земја. Освен тоа, ова е прво гласање по измените на уставот во јуни, со кои на Путин му е овозможено останување на претседателската функција сѐ до 2036 година.

Опозицијата се плаши од изборна кражба, додека властите тврдат дека водат сметка за ризикот од коронавирусот. Фотографии објавени на социјалните мрежи покажуваат дека невообичаени места како автобуски станици се претворени во гласачки места. Опозицијата тврди дека тоа ја отежнува контролата врз процесот.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Во Македонија само 1% од младите професионално се занимаваат со спорт, 7% спортуваат аматерски, додека 42% спортуваат рекреативно или практикуваат физичка активност во вид на хоби и рекреација.

повеќе

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе