Тоа значи дека во минатата година е забележан негативен природен прираст од 27.106. Објавени се и податоците за претходната година – во 2020 во Хрватска починале 57.023 лица, што значи дека лани во Хрватска починале 6.588 лица повеќе отколку во 2020, пренесува Индекс.
Во Хрватска во 2020 починале 57.023 лица, што е за 10,1 отсто повеќе од претходната година, а стапката на морталитет била 14,1, додека стапката на наталитет изнесувала 8,9. Покрај тоа, стапката на тоталниот фертилитет изнесувала 1,48, што е значително под нивото на едноставна репродукција од 2,1, се наведува во извештајот.
Во 2020 вкупно се родени 35.987 деца, и тоа 35.845 живородени и 142 мртвородени, забележан е пад на бројот на живородените деца за 0,8 отсто во однос на 2019, односно родени се 290 деца помалку отколку во претходната година. Од вкупниот број живородени, родени се 51,3 отсто машки и 48,7 отсто женски деца.
Како и во претходната година, така и во 2020 најмногу имало првородени деца, и тоа 44,2 отсто, второродени се 33,9 отсто, третородени 13,7 отсто и четвртородени и повеќе 7,1 отсто. Надвор од брак се родени 8.176 живородени деца, односно 22,8 отсто од вкупно живородените деца.
Просечната старост на мајката при првото породување е во благ пораст веќе долга низа години – на пример во 1968 била 22,8 години, а во 2020 изнесувала 29,4 години. Мажите во просек умирале со 73,8 години, а жените со 80,7 години.
Во 2020 и во претходните години најмногу лица починале поради болести на системот за циркулација (34,6 отсто од мажите и 45,3 отсто од жените).