Во ЕУ лани се доселиле 228.000 луѓе од Западен Балкан

Во Европската Унија минатата година легално се доселиле 228 илјади граѓани на земјите од Западен Балкан – Македонија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Србија, Албанија и Косово, покажуваат податоците на Еуростат, кои ги пренесуваат регионалните агенции.

Од Албанија во 2018 година во ЕУ се иселиле 62 илјади граѓани, што е 2,2 отсто од вкупната популација на земјата, потоа следи Македонија со 2,1 отсто од вкупното население (24,3 илјади), а од Косово заминале два отсто од граѓаните (34,5 илјади). БиХ лани ја напуштиле 1,5 отсто од жителите (53,5 илјади), Србија 1,3 отсто (51 илјади) и Црна Гора 0,5 отсто (3 илјади).

Според податоците на Еуростат, жителите од земјите на Западен Балкан најчесто одат во Германија. Во таа држава минатата година се отселиле дури 19 илјади Косовци, по 16 илјади жители на БиХ и Србија, 11,5 илјади граѓани на Македонија и 1,5 илјади од Црна Гора.

Граѓаните на Албанија најчесто оделе во Италија, 23 илјади.

Во Европската Унија в0 2018 година вкупно биле издадени 2,67 милиони дозволи за престој за првото доаѓање од речиси сите земји во светот. Најмногу доселени се во Германија, 543 илјади, потоа во Обединетото Кралство, 450 илјади, во Франција 264 илјади, во Шпанија 259 илјади, во Италија 238 илјади и во Шведска – 124 илјади.

Минхенската безбедносна конференција, која со децении служеше како силен симбол на силата на западното сојузништво, оваа година покажа дека јазот меѓу сојузниците е поголем од кога и да е.

повеќе

Време е да се почне да се размислува што може да значи тоа.

повеќе

Која е логиката на Заев и СДСМ со вчерашниот протест што од сега се гледа дека ќе им биде и наративот за целата кампања?!

повеќе