Влегуваме ли во ера на апокалиптични невремиња? (ВИДЕО)

Само една недела откако ураганот Харви го опустоши Тексас, три нови урагани се развија над Атлантскиот Океан – Ирма, Катја и Хозе. Веќе некое време сме затрупани со страшни глетки од големи бранови кои поплавуваат цели градови, превртуваат автомобили и уништуваат згради.

Затоа сѐ поголем број луѓе го поставуваат прашањето – влегуваме ли во ера на апокалиптични бури: Научниците веќе некое време предупредуваат дека порастот на температурите на морињата и океаните доведува до пораст на силата на природните атмосферски феномени.

Факт е дека ураганите стануваат сѐ посилни. Просечниот број на бурите од категориите 4 или 5 се зголеми повеќе од двојно од 1900 година, а расте и брзината на ветерот во тие бури. Малиот пораст на нивото на морето значи дека силните плими кои често ги следат ураганите тргнуваат од повисока почетна позиција и со тоа прават поголема штета, пишува британски Телеграф.

На пример, поплавите како онаа што го следеше ураганот Харви и го потопи Хјустон во просек би требало да се случуваат еднаш во 500 години, а Хјустон доживеа три во последните три години. Ураганот Ирма е најсилниот кога било забележан во Атлантикот, а најлошо мина островот Барбуда, кој е речиси целосно уништен.

Но, интересно е што студиите покажуваат дека ураганите стануваат сѐ понесмртоносни, иако бројот и силата им растат. Имено, бројот на смртни случаи во целиот свет од екстремни временски настани падна за 90 отсто од 1900 година. Како да се толкуваат тие бројки? Веројатно главниот фактор е сѐ попрецизното предвидување на траекторијата на ураганот.

Ураганот Катрина, на пример, резултираше со смрт на речиси 2.000 луѓе. Но, прогнозите за насоката на ураганите од Катрина до денес станаа двојно попрецизни, што им овозможува на властите на време да организираат евакуација на населението и да се подготват за претстојното смртоносно невреме. Конкретно, предупредувањата на неизбежното пристигнување на ураганот сега може да се издадат 12 часа порано од претходно, што во многу случаи прави разлика меѓу живот и смрт.

Вториот фактор е нивото на подготвеност за доаѓањето на ураган. За пример, во 2005 година жителите на Њу Орлеанс беа повикани на евакуација само еден ден пред доаѓањето на ураганот Катрина, па илјадници луѓе заглавија во сообраќај обидувајќи се да избегаат.

Во случајот на ураганот Харви, кој минатата недела мина низ Тексас, на луѓето им беше кажано да останат во своите домови или да одат во локални засолништа.

Третиот фактор е финансирањето. Пред ураганот Катрина, федералните власти покриваа само 17 отсто од трошоците за спасување и пружање помош на настраданите. Сега таа бројка изнесува 62 отсто.

Еден од факторите кој одговара на прашањето зошто сѐ помалку луѓе умираат во ураганите кои стануваат сѐ почести и посилни гласи – домашните миленичиња. Во времето на ураганот Катрина дури 44 отсто од луѓето кои одбиле да ги напуштат своите домови кажале дека на тоа се решиле од страв за своите домашни миленици. Деновиве повеќето официјални засолнипта примаат и животни.

Заклучокот гласи – фолемите невремиња стануваат сѐ полоши, но луѓето стануваат сѐ подобри во борбата со нивните последици, подобри од кога било досега.

Но, ако големите бури стануваат сѐ посилни и почести поради климатските промени, ќе продолжи ли таквиот тренд? Можно е како цивилизација да сме стигнале до „точката на пресврт“, пишува Телеграф. Светските лидери пред девет години упатија јасно предупредување околу загревањето на атмосферата поради претераното испуштање на јаглерод диоксид во неа и кажаа дека „имаме помалку од 50 дена да ја одредиме насоката за следните неколку децении“.

Оттогаш длобалните емисии на јаглерод диоксид го достигнаа својот врв. Иако некои влади и понатаму заостануваат по тоа прашање, во реалниот сектор е постигнат договор дека климатските промени предизвикани од човечката активност мора да бидат сопрени. Поради тоа цените на „зелената“ енергија драматично паѓаат. Соларната енергија, како и енергијата од ветерот, сега се поевтини од фосилните горива во повеќе од 30 земји. Во Велика Британија сега емисиите на јаглерод диоксид се на најниско ниво од 1894, а се стабилизираат дури и емисиите во Кина.

Таквиот тренд треба да продолжи, но сега постои надеж дека можеме да ги избегнеме или да ги минимизираме последиците од нова ера на апокалиптични бури.

Премиерот имаше добра прилика во највисокиот светски политички форум, поексплицитно да ги образложи причините за спорот за името.

повеќе

Сферата на локалните јавни финансии претставува многу погодно поле за соработка на локалната власт со приватниот сектор.

повеќе

Драги пратеници, помислете добро пред да притиснете копче за двојазична Македонија.

повеќе