Владимир Зеленски: од комичар до претседател на Украина

Зеленски, кој глумеше претседател во популарна телевизиска емисија, ќе го води 44-милионското население на Украина.

Украинскиот комичар Володимир Зеленски вчера победи во вториот круг од изборите, покажаа излезните анкети.

Зеленски, кандидат на партијата Слуга на народот, доби 73,2% од гласовите, додека неговиот ривал Петро Порошенко заостана со 25,3%.

Зеленски (41), кој глумеше претседател во популарна телевизиска емисија, се соочи со 53-годишниот актуелен претседател Порошенко, во вториот круг од изборите во неделата, бидејќи во првиот изборен круг ниту еден кандидат не го надмина прагот од 50 отсто.

Во телевизиската серија тој има улога на професор по историја што станува претседател откако се бори против корупцијата и го менува кабинетот.

Околу 30 милиони гласачи беа регистрирани да гласаат. Околу 5 милиони луѓе што живеат во Донбас, и на Крим - анектиран од Русија - не беа во можност да гласаат.

Најдоцна до 1 мај, украинската изборна комисија треба да го открие името на новиот претседател на земјата.

Двајцата главни кандидати се состанаа минатиот петок на дебата на Олимпискиот стадион во главниот град Киев, каде што се собраа неколку илјади луѓе. Десетици милиони ги гледаа на телевизија.

„Јас не сум вашиот противник - јас сум вашата пресуда!“, му рече Зеленски на актуелниот претседател за време на дебатата, обвинувајќи го за „крадење пет години од украинските животи“ додека бил на власт.

Зеленски потоа рече: „Јас сум резултат на грешките и ветувањата“.

Дебатата заврши без ракување.

 

Кој е Володимир Зеленски?

Зеленски е роден на 25 јануари 1978 година во семејство на инженерка и математичар во градот Кривој Рог во централниот украински регион Дњепропетровск.

Дипломирал право на Киевскиот национален економски универзитет, но никогаш не работел како адвокат.

За време на студентските години, Зеленски ѝ се приклучил на театарска група.

Во 1997 водел кабаре-екипа, која настапувала во популарна телевизиска емисија.

Во 2003 година Зеленски станал претседател на компанијата Квартал 95 во Украина, специјализирана за создавање забавни медиумски содржини.

Истата година, Зеленски се оженил со својата другарка од средно училиште, Елена Кијашко. Двојката има син и ќерка.

Тој стана автор, творец, режисер и презентер на проектот „Вечерниј квартал“, кој премиерно беше прикажан на државниот ТВ-канал „Интер“ во 2005 година и стана една од највисоко оценуваните емисии во Украина.

Во 2015 година на телевизија беше емитувана првата сезона од ТВ-серијата „Слуга на народот“ и веднаш стана хит. Третата сезона почна да се емитува непосредно пред првиот круг од изборите.

Овој глумец без никакво политичко искуство во новогодишната ТВ-емисија во 2018 најави дека ќе се кандидира за функцијата претседател на државата, а потоа ја почна својата политичка кампања.

Зеленски масовно ги користеше социјалните медиуми, комуницираше директно со граѓаните за време на ТВ-емисии и кабаре-концерти, а во својата кампања користеше кратки видеоклипови, анкети и истражувања.

Кризата на вредности влијае негативно на балансот помеѓу императивот за слобода и потребата за безбедност, стеснувајќи го либералниот простор на современо конципираните општества.

повеќе

Mора да се научиме како да ги градиме политиките кои ќе водат кон осврт на сите теми важни за градење позитивен мир, но и реторички да останеме конзистентни на она за што се залагаме.

повеќе

Во изминатите 24 години откако Македонија и САД воспоставија официјални дипломатски односи, македонско-американските трговски врски растат бавно, но сигурно.

повеќе