Виетнам успешно се бори против короната без компромиси меѓу економијата и здравјето на луѓето

„Во вечерните часови на 7 март добив мејл од управителот на бизнис зградата во која работам во Ханој. Во него пишуваше дека таткото на Нгујен Хонг Хунг, 17-от пациент со ковид-19 во земјата и прв во градот, вечерал на третиот кат во зградата. Иако двапати беше негативен на тестирање за коронавирусот, управителот на зградата го пријави неговото доаѓање на надлежните власти. Седумте вработени кои биле во контакт со него се испратени во самоизолација, а зградата веднаш била дезинфицирана“, напиша за Гардијан Тран ле Туј, директор на Центарот за медиуми и развојна иницијатива во Ханој.

EPA-EFE

До денес во Виетнам, кој има 95 милиони жители, се забележани само 35 смртни случаи поврзани со ковид-19. Туј смета дека реакцијата на управителот на зградата е типична за стратегијата на следење на контактите која земјата ја усвои од почетокот на пандемијата.

Во текот на првата фаза на епидемијата владата успеа брзо и сеопфатно да ги прекине сите врски на пренесување на вирусот, а секое заразено лице беше хоспитализирано, истакнува Туј. Властите ги нашле сите контакти и ги испратиле во самоизолација. Војската домовите на заразените и нивниот кварт ги ставиле во локален карантин. Виетнам се однесува како да станува збор за биолошка војна.

Важна причина е начинот на кој владата се однесуваше кон пандемијата, односно бидејќи ја деполитизираше и ја третираше пред сѐ како здравствена криза. Немаше ни политичко ни верско мешање поради кои би се манипулирало со податоците.

На пример, шефот на Центарот за контрола на болести во Ханој беше уапсен поради сомнеж за корупција при набавка на комплети за тестирање, а на трговците им беа одредени казни ако заштитните маски беа продавани по повисока цена.

Втората причина е тоа што Виетнам добро ја познава Кина, знае дека кинеските власти би можеле да ги намалат бројките на заразени, како што беше случајот со епидемијата на САРС во 2003. Кога Вухан во јануари ја објави информацијата за првиот смртен случај во Кина, Виетнам веднаш воведе контрола на границата со Кина и преглед на сите патници кои доаѓаат од таа земја. Тоа не беше лесна одлука, бидејќи трговијата со Кина е значаен дел од виетнамската економија.

Кога во Виетнам се појавија првите случаи на зараза, таа земја презема построги мерки од препорачаните од Светската здравствена организација (СЗО).

Владата исто така ја одржуваше стратегијата на слобода на информациите околу прашањата поврзани со ковид-19. Иако виетнамските медиуми се во државна сопственост, можеа сосема слободно и објективно да известуваат за епидемијата. Кога член на централниот одбор на Комунистичката партија на Виетнам се заразил со вирусот при патување во Британија и со тоа го загрозил министерот за планирање и инвестиции кој бил на истиот лет со него, властите го објавија неговото пребивалиште за да може успешно да се избегнат сите контакти.

Мотото на првата фаза беше: важно е да преживееме, со економијата ќе се занимаваме подоцна, наведува Туј и додава дека целата ситуација не била лесна и дека тоа обичните луѓе прилично го почувствувале на своја кожа.

„Кога повикувам Гребкар (азиската верзија на Убер), превозот е секогаш поскап од тоа на што сум навикнат. Возач ми објасни дека компаниите морале да ги продадат поевтините автомобили за да опстанат на пазарот“, пишува Туј.

Но Виетнам сега, кога коронавирусот е ставен под контрола, го насочи својот фокус на економијата и стратегијата со вториот бран е поинаква од претходно. Следењето ан контактите е примарно и строго, но се намалува бројот на самоизолации и локални карантини и се вратија меѓународните летови за странските работници, кои се потребни за економијата да функционира.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Хрватска и Северна Македонија имаат јаки културни и историски врски и традиционално добри односи. Заради тоа, но и заради хрватското искуство со пристапните преговори, Хрватска треба да биде најдобриот пријател и бранител на нејзиниот европски пат, особено откако Северна Македонија е изложена на токсичен национализам и на неправда, нешто за што во Европската унија не смее да има место, пишува во колумна за Аутограф хрватскиот пратеник Бојан Главашевиќ анализирајќи ги бугарските условувања, но и предупредува дека Хрватска засега молчи..

повеќе

Дали и Грција треба да престане да ја смета бугарската фашистичка окупација за време на Втората светска војна како вистинска окупација?, прашува поранешниот грчки министер за надворешни работи – потписник на Преспанскиот договор со Македонија, во колумна за Балканеу. Колумната ја пренесуваме во целост и со автентичните фрази.

повеќе

Каракачанов: На Бугаринот паметот му доаѓа следниот ден...

повеќе