Со тестирања почнаа на 27 февруари

Ветија масовни тестирања, а Србија е претпоследна во регионот

Во однос на останатите држави во регионот, Србија се наоѓа на самата опашка според бројот на тестирани на коронавирусот на милион жители. Незначително помал број тестирани има само во Албанија, додека бројот на тестираните во Словенија е дури 14 пати поголем, јавува српскиот портал Нова.

Србија со тестирањето на лицата заболени од коронавирусот почна на 27 февруари, една недела пред во таа земја да биде регистрирано првото заболено лице. Во тој период бројот на тестирани лица во еден ден не надминуваше 16, а ни во деновите по откривањето на првиот заболен тој број не скокна значително.

Иако уште на 16 март од Светската здравствена организација дојде јасно упатство – „тестирајте, тестирајте, тестирајте“ – со напомена дека пандемијата не може да се сопре ако не се знае кој е заразен, Србија најави зголемено тестирање за коронавирусот дури откако во Србија пристигнаа експертите од Кина.

Претседателот на Србија Александар Вучиќ изјави на 23 март дека Србија ќе ги прифати советите на кинеските експерти и целосно ќе го смени пристапот во борбата против вирусот и ќе почне масовно тестирање.

„Очекувајте драстично зголемување на тестирњата за 48 часа. Имаме тестови за првите неколку дена, а во меѓувреме ќе добиеме нови тестови“, кажа Вучиќ на конференција за новинарите.

Меѓутоа, до тоа драстично зголемување никогаш не дојде, и покрај тоа што бројот на тестираните од 61 (кога Вучиќ го најави „масовното тестирање“) скокна на 243 тестирани лица два дена подоцна.

Овој број во следните денови стагнираше – дури на 28 март ја надмина бројката од 300 тестирани (371).

Следната најава за масовни тестирања следеше на 30 март, кога заменик директорката на институтот Батут Дарија Кисиќ Тепавчевиќ најави дека кругот на тестирања ќе биде проширен пред сѐ на здравствените работници и оние кои се хоспитализирани поради клиничката слика, без оглед дали патувале во странство или не.

Меѓутоа, не е јасно зошто до задушување дојде веќе на 748 тестирани лица, колку што ги имаше на 3 април.

Бројката од над илјада тестови на ден Србија ја достигна дури завчера, на 6 април, кога во еден ден беа тестирани 1.197 лица, што сепак е значително помалку од најавените 4.500 на ден.

Во Србија сѐ уште нема вистинско масовно тестирање, бидејќи како што и самата кажа Кисиќ Тепавчевиќ во неделата, „концептот на масовно тестирање не беше најсреќниот стручен израз“.

„Работиме, како што планиравме, по проширени индикации, но нема тестирање на лично барање, туку само по лекарски налог“, објасни таа.

Во меѓувреме, во регионот тестирањата се спроведуваат далеку помасовно, па така Словенија од почетокот на епидемијата спроведе дури 14.168 тестови на милион жители, Хрватска 3.002, Црна Гора 2.742, а следат Македонија, Унгарија, Бугарија и Романија, кои сите имаат над две илјади тестирани на милион жители.

Во Босна и Херцеговина воој број е 1.809, додека на опашката се Србија со 1.102 направени тестови на милион жители и Албанија со 957.

Доколку нешто радикално не се промени, не можеме да очекуваме дека нашата економија брзо ќе се нормализира и ќе излезе од сегашната криза.

повеќе

Како да разликуваш дали „Македонец” означува етничка припадност или државјанство? Според потребата на моментот!

повеќе