Велт: По коронавирусот на светот му се заканува нуклеарна анархија

По епидемијата на коронавирусот на светот му се заканува нуклеарна анархија, пишува германски Велт.

EPA/JIM LO SCALZO

Моделот од времето на студената војна, кога контролата врз оружјето ја имаа САД, Русија, Британија и Франција, повеќе не го одразува вистинскиот однос на силите во светот. Во нуклеарниот клуб влегоа нови играчи, истакнува германскиот весник.

За време на трите месеци на епидемијата на коронавирусот светот стекна богато искуство во борбата против „тивкиот, невидлив и безмилосен убиец“, пишува Велт. Благодарение на тоа сега секој може да замисли што нѐ чека во иднината, кога ќе заврши нуклеарниот мир, склучен за време на Студената војна, наведува авторот на текстот Михаел Штурмер.

Старата стратегиска архитектура се урива, а досегашниот светски проедок пропаѓа. САД се уморни од улогата на светски лидер и заминаа во изолација, за која Европејците не беа подготвени. Кина, меѓутоа, постепено и несопирливо го јакне своето влијание, пишува авторот. „Оние кои себеси се нарекуваат Средното царство не ги загрижува само економската благосостојба, тие претендираат на целосна превласт. „Новиот пат на свилата“ е економски и финансиски доказ за тоа“, смета Штурмер.

Обновувањето на стратегиската рамнотежа не го попречуват само големите светски држави, туку и развојот на дигиталната технологија, со помош на која може да се напаѓа тајно, како и производството на нови видови оружје и милитаризацијата на вселената. Се зголемува стравот од заемно уништување, што ги приморува земјите на мир, смета Велт.

Покрај тоа, на нуклеарниот клуб му се придружија и помали играчи. Прво Индија и Пакистан, па Израел, Северна Кореја и веројатно Иран. На светот му се заканува „нуклеарна анархија“, предупредува Штурмер. Според него, мделот од шеесеттите години повеќе нема да се врати.

Легенда под Главна слика

EPA/JIM LO SCALZO

Кога ќе заврши пандемијата, очекувајте државите да се вратат со поголема власт и поголем легитимитет.

повеќе

Откако не успеа во приказот на Мицкоски како екстензија на Груевски и на опозицијата како „анти-западна“, со изјавите неделава Заев покажува дека негов рецепт за изборна победа е само што помала излезност без учество на опозицијата.

повеќе