Велт: Не треба да се потценува односот на Србија и Кина

„Додека многу земји офанзивно бараат од Кина разјаснување на потеклото на коронавирусот и ѝ префрлаат за тоа што избивањето на епидемијата предолго го држела во тајност, Србија, која исто така жестоко е погодена од ковид-19, бира поинаков пат“, пишува германскиот весник Велт, а пренесува Дојче веле.

EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Весникот наведува дека владата на Србија „кон средината на мај почна онлајн кампања во Кина, за да ги анимира туристите да патуваат во таа земја“. „Но, колку и да изгледа тајмингот на почетокот на кампањата лудо, толку е мотивот чуден: во прв план е српскиот претседател Александар Вучиќ, кој се обидува да се смешка во камерата, а во позадината е Белград во предвечерје во виолетово-розеви бои. Слоганот е испишан на кинески: „Туристичката канцеларија Ве води низ Србија“.

Велт истакнува дека во Србија никој не се чуди што Вучиќ поддржува една ваква кампања. „Вучиќ, од редовите на десно-конзервативната Напредна партија, која во Србија владее со сѐ поцврста рака, е познат по тоа што медиумски се обидува да ѝ се приближи на Народната Република“.

Германскиот весник потсетува дека Вучиќ на средината на март, кога го најави воведувањето на вонредната состојба, гневно се пресметуваше со ЕУ, зборувајќи „сега е јасно дека не постои европска солидарност“. „Во истио здив кажа и дека му испратил писмо на својот „брат“ кинескиот претседател Си Џинпинг. Цитат: „Само Кина може да ни помогне“. Повеќе од сомнително е како ваквите изјави одат со статусот на кандидат за членство во ЕУ“, пишува Велт.

„За Макс Брендл, директорот на регионалната канцеларија на Фондацијата Фридрих Еберт (блиска до содијалдемократите) во Белград мотивот е јасен: „Флертот на Србија со Кина служи за тоа да се зголеми цената кон Европската Унија“.

 Брендл вели дека Србија, и географски и економски и социјално, е свртена кон Западот. Напоменува дека 60 отсто од нејзиниот извоз оди во ЕУ. „Но не само стоката, туку и луѓето во голем број заминуваат во Западна Европа во потрага по подобра иднина“, вели Брендл и додава дека ориентацијата кон Кина е и економски мотивирана бидејќи „Пекинг во последните години го изгради своето присуство со давање кредити и преземање српски компании“.

Весникот пишува како со инфраструктурниот проект Новиот пат на свилата „Кина ги интензивираше своите напори во регионот, меѓу другото со финансирањето на пругата меѓу Будимпешта и Нови Сад“. „Очигледно е дека ЕУ ја преспа изградбата на пругата“, вели Брендл.

„А и кога станува збор за коронакризата, Брисел дури по Пекинг почна со поддршката на Србија против вирусот“, пишува велт и наведува уште една причина зошто Белград му се приближува на Пекинг – Кина не ја признава независноста на Косово.

„Сите земји кои не го признаваат Косово се корисни за Србија“, објаснува Матео Бономи, експерт за Западниот Балкан на Италијанскиот институт за надворешна политика (ИАИ) од Рим. „Србија е важна врата за влез за Кина на европскиот континент. Сепак оваа држава граничи со пет држави од Европската Унија“.

Во врска со Вучиќевото канење на кинеските туристи, Бономи вели дека тоа не е насочено кон Брисел, туку дека исклучиво служи за зголемување на неговите шанси пред изборите кои треба да се одржат во јуни.

„И кога Белград беше главен град на Југославија, локалните елити секогаш се обидуваа да одржуваат добри врски и со Западот и со Истокот“, вели италијанскиот експерт.

Бономи смета дека е реално по коронакризата кинеските туристи навистина да почнат да доѓаат во Србија. Бидејќи Белград со години е меѓустаница за многу туристички групи од Кина кои одат во Европа. „Имајќи предвид дека при НАТО бомбардирањето на Србија во 1999 беше погодена и амбасадата на Кина, тоа стана париотска цел за многу Кинези кои патуваат низ Европа“, вели Бономи. Тој ја предупредува ЕУ да не ги потценува односите меѓу Србија и Кина, без оглед на тоа колку безначајно изгледаат, заклучува Велт.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Време е за коренити промени на економскиот систем во Хрватска.

повеќе

Јавното здравје и економијата одат заедно и во време на пандемија, па затоа најдобриот начин да ѝ се помогне на економијата во оваа криза е ако се воведат адекватни рестрикции за пандемијата да се стави под контрола.

повеќе

Стопанската комора на Македонија со донесувањето на 4-тиот сет на мерки гледа остварување на ветеното дека Владата на РСМ и во услови на здравствено- економска криза ќе стои зад компаниите.

повеќе