Велт: Малку е веројатно дека САД ќе успеат да го сопрат Северен тек 2

Германски Велт оценува дека САД се обидуваат да го продадат сопствениот течен природен гас (ЛНГ) во Европа, па затоа со сите средства, дури и со закани со санкции, ја поттикнуваат ЕУ да купува од нив, но тврди дека е малку веројатно дека ќе успее да го сопре проектот на рускиот извозен гасовод за Европа Северен тек 2.

EPA-EFE

„Во јавноста често незабележано поминуваат три букви – ЛНГ, кои станаа една од централните теми на ерата на американскиот претседател Доналд Трамп“, пишува весникот.

Велт напоменува дека претседателите на Соединетите Држави „од секогаш се залагале за производите на својата земја, па некои го промовирале Боинг, некои сојата“, но дека „невообичаена решителноста со која Трамп се бори за ЛНГ“.

„Но сепак, малку е веројатно дека ќе може да го сопре Северен тек 2“, пишува германскиот весник. Според него, Русија речиси ја постигнала својата цел – поставени се 2.300 од 2.460 км цевки па „очигледно нашла начин за одминување на санкциите“.

Како што се наведува, до неодамна бродот за поставување цевки на морското дно Академик Черски му припаѓал на Газпром, што предизвика загриженост бидејќи американските санкции можеа да влијаат врз Газпром, но од скоро бродот е сопственост на фондот СТИФ (Самарски фонд за термална енергија) кој работи само во Русија.

Велт истакнува дека, според експертите, Газпром може да ја контролира таа организација, „но малку е веројатно дека американските власти можат тоа да го докажат“ и да наметнат санкции.

„Ако е така, Газпром ќе може да го доврши гасоводот без страв од санкции“, заклучува весникот.

Се додава дека само една околност ќе го забави завршувањето на проектот, но таа не е поврзана со светската политика – во јули и август во Балтичко Море е забрането работењето поради мрестењето на бакаларот.

Вашингтон воведе санкции против Северен тек 2 на крајот на минатата година, целејќи ги бродовите кои поставуваат цевки во Балтичко Море и странските државјани вклучени во проектот. Мерките го одложија завршувањето на гасоводот, планирано за крајот на минатата година.

САД предупредуваат дека ЕУ поради гасоводот ќе биде уште позависна од рускиот природен гас, на што предупредија и Украина и некои членки на Унијата, особено Полска.

Русија пак тврди дека Вашингтон се обидува да го спречи проектот на гасоводот за да им го отвори патот на американските снабдувачи на природен гас кои, како што тврди Москва, во ЕУ ќе извезуваат гас по цени повисоки од руските.

Германската влада изрази жалење поради заканите на САД дека би можеле да ги прошират санкциите за гасоводот Северен тек 2 кој треба да ги поврзува Русија и Германија.

„Новите санкции би претставувале сериозно мешање во европската енергетска безбедност и суверенитетот на Европската Унија“, соопшти на крајот на минатата недела германското министерство за надворешни работи.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Пост-ковид училиштето е иднината што ни се случува сега. За само еден миг, таа со себе ги донесе најголемите предзвици со кои се соочува човештвото на овој век.

повеќе

Информацијата дека коронавирусот може да се пренесe преку допир со готовина, дополнително ги мотивираше луѓето да се ослободат од банкнотите. 

повеќе

Овогодинешниот процес во одлучување по конкурсот за финансирање на проекти за игран филм е селективен, корумпиран и компромитиран,

повеќе