Вашингтон пост: Трамп му се поклонува на диктаторот додека Северна Кореја го развива своето оружје

Многу личната политика на претседателот на САД Доналд Трамп кон севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун не дава добри резултати, пишува Вашингтон пост.

Трамп му се улизува на диктаторот, претставникот на САД моли за разговори, а Северна Кореја се чатали со својот напредок во развојот на оружје.

Неодамна, Трамп му даде вистински подарок на Ким блокирајќи ја расправата во Советот за безбедност на ОН за тешките повреди на човековите права во Северна Кореја. Осум членови се согласија да се води дискусија, а потребни се девет. Соединетите Држави, кои претседаваат во декември, одбија да бидат деветтиот глас. Оваа тишина е токму она што Северна Кореја го бараше во циркуларното писмо од 4 декември до ОН. Трамп изгледа испаничи поради неодамнешната закана на Ким за „божиќно изненадување“ – можна ракета со долг дострел. Ким веќе има историја на нишање на работ на војна.

Северна Кореја е политичка држава со концентрациони логори. Таа тестираше нуклеарно оружје, изгради ракети со долг дострел и спроведува моќни сајбер-напади. Трамп се обиде со шармантна офанзива на три средби со Ким, но очигледно е дека не се темели на некаква стратегија. Тој бараше Пјонгјанг целосно да се откаже од своето нуклеарно оружје, а Ким само го избегна тоа барање и го собра признанието по кое копнее и лови помош која ѝ е неопходна на неговата земја.

Разговорите во Стокхолм не дадоа резултати. Сега Ким се враќа на создавање закани со нови тестирања на оружје. Северна Кореја тврди дека спровела тест на 8, па повторно на 14 декември и дека тестирањето било во објектот за лансирање сателити во близина на границата со Кина.

Трамп, кој не сакаше да покаже нервоза, на 8 декември напиша на Твитер:

„Ким е премногу паметен и има многу да изгуби. Всушност сѐ, доколку спроведува непријателски потези“, додавајќи дека тој не сака да ја наруши својата специјална врска со претседателот на САД. Во понеделникот специјалниот претставник на САД Стивен Биган апелираше до Северна Кореја да разговараат.

Пред две години Трамп му кажа на јужнокорејското народно собрание дека Северна Кореја е полициска држава во која лидерите ги затвораат своите луѓе во тиранија.

Кимисија на ОН документираше во 2014 година широк спектар злосторства против човештвото во таа земја. Мачењето на луѓето продолжува. Во Обединетите нации Трамп се повлече и му се поклони на деспотот.

Трамп не стигна никаде со своето дружење без никаква насока. Време е, иако веќе прилично доцна, да се создаде сериозна стратегија за зауздување на Северна Кореја, пишува Вашингтон пост.

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе

Мојата заложба е конечно законите и прописите наместо инструмент за спроведување лични интереси, да ја добијат вистинската функција, заштита на интересите на граѓаните. За жал...

повеќе