Вашингтон пост: Путин не се откажува од Балканот бидејќи таму Западот ја понижи Русија

Разузнавачките кампањи кои Русија ги води на Балканот се дел од стратегијата за создавање на мислење за Русија како голема сила и моќен сојузник, пишува Вашингтон пост.

Како што се тврди во анализата, станува збор за минимални вложувања во вид на донации на балканските земји.

Американските разузнавачки служби и претставниците на власта истражуваат операции за кои тврдат дека се прикриен обид за во Соединетите Американски Држави и тамошната јавност да се посее семе  на сомнеж во пресрет на претседателските избори.

Изгледа дека САД се спремни да извлечат поуки од мешањето на Русија во внатрешнополитичките односи на Балканот, кој е значаен дел во надворешната политика на Путин, пишува американскиот весник.

Распадот на Југославија во Русија беше сфатен како понижување при што Западот целосно ја игнорираше Москва.

Путин никогаш не престана да ја покажува вџашеноста поради изгубеното влијание на Косово по прогласувањето на независноста. Тој ги користеше пресвртите и движењата за независност на балканските територии како оправдување за наметнувањето на руската моќ за време на борбите во Абхазија и Јужна Осетија во 2008 година, како и на Крим во 2014 година.

Историски, моќта на Русија зависела од балканските држави и тоа од неколку причини, а една од главните е тоа што Русите сметаат дека обединувањето на сите Словени во таканаречен панславизам би било оптимално, бидејќи тврдат дека постои посебна врска меѓу рускиот и словенските народи на Балканот.

Главните алатки на руската пропагандна политика се телевизиската и интернет мрежа Раша тудеј, како и онлајн весникот Спутник.

Главната порака гласи дека постои посебна врска меѓу рускиот и словенскиот/православниот народ на Балканот.

Авторите и водителите на емисиите често зборуваат за заедничката словенска историја и култура, особено истакнувајќи ја долгата и успешна вмешаност на Русија во прашањата на балканските земји.

Овие медиуми користат и антизападна реторика и ја поддржуваат идејата создадена меѓу Србите по НАТО бомбардирањето на СР Југославија во 1999 година за „патолошката омраза против Словените“.

Русија и понатаму има вето на признавањето на геноциот во Сребреница, како и на членството на Косово во Унеско.

Русите го претставуваат Западот како културолошки различно место, кое не е во состојба да ја препознае неверојатната исклучителност на словенскиот народ.

Руската реторика не се разликува од реториката на дел од медиумите на Балканот, па така во Белград постојат 109 организации кои работат на промоцијата на руско-српските односи, се додава во анализата.

Меѓутоа, Русија се претставува како голем брат на Србија и продава приказна дека таа ги почитува словенските влади во Србија, на Косово, во Македонија и во Република Српска, и ги гледа како рамни на себе.

Многу поголем број Срби изјавуваат дека повеќе сакаат да стапат во сојуз со Русија отколку со Европската Унија (67,2 отсто за и 18,8 отсто против), иако таа не нуди кохерентна алтернатива на Унијата.

Русија прави уште нешто, а тоа е одвраќање на балканските земји од пристапување во НАТО, и ги поттикнува тесните воени врски со својата армија, а ваквата кампања против НАТО би можела да има негативни последици за мировните мисии на Западниот Балкан, се заклучува во анализата.

Освен тоа што муралите се моќно средство за комуникација, тие можат да бидат и предмет на манипулации, па и пропаганда, подигање тензии и продлабочување на недоразбирањата во БиХ.

повеќе

Процесот на донесување на буџетот ме потсетува на една изрека на поранешниот државен секретар на трезорот на САД, Џејкоб Лу (Jacob Lew) кој вели дека „Буџетот не е само колекција на бројки, туку израз на нашите вредности и аспирации“.

повеќе

Конески со голема дарба и со рационална мисла, создаде комуникативна поезија, создаде за македонските генерации образец на читлива литература.

повеќе