Вашингтон пост: Мала група десничарски лидери го поддржуваат Трамп

Додека повеќето светски лидери не се изјаснуваат, пред изборите за претседател на САД отворена поддршка за актуелниот претседател, републиканецот Доналд Трамп пружија мала група лидери десничари, пишува Вашингтон пост и ги набројува земјите чии лидери отворено го поддржаа Трамп.

EPA-EFE

Весникот потсетува дека лидерите на Србија и Косово, чија независност Србија не ја признава, се сретнаа со Трамп во септември и се договорија за нормализација на економските врски и додава дека американските дипломати, иако нема целосно обновување на односите, договорот го нарекоа „прв чекор“.

Беше тоа политичка победа за претседателот на Србија Александар Вучиќ, кој за една локална телевизија во јуни кажа дека Трамп се соочил со „сериозен и тежок непријател“ откако во САД избија протестите против расизмот.

„Се надевам дека САД ќе излезат од кризата“, кажа тогаш Вучиќ, додавајќи дека на Трамп му посакал „многу среќа“, пишува Вашингтон пост.

Со потсетување дека Вучиќ беше избран за претседател на Србија во 2017 весникот додава дека некогашниот српски ултранационалист се претвори во прозападен либерал кој во исто време одржува блиски врски со рускиот претседател Владимир Путин.

Уште еден лидер во регионот, Милорад Додик, српскиот член на трочленото мултиетничко претседателство на БиХ, ги повика Србите да гласаат за Трамп и кажа дека Бајден „едноставно е мразач на Србите“, додава вашингтонскиот весник.

На Трамп, пишува весникот, поддршка му стигна и од словенечкиот премиер Јанез Јанша кој со неодамнешната објава на Твитер татковината на првата дама на САД ја додаде во групата земји чии лидери го поддржуваат актуелниот американски претседател.

Отворена поддршка на Трамп му искажа и унгарскиот премиер Виктор Орбан и тоа, како што пишува Вашингтон пост, набрзо откако Трамп ја прифати претседателската номинација на Републиканската партија во јули 2016. Таа рана поддршка на десничарскиот националистички лидер на Унгарија го зацементира она што се разви во близок афинитет, делумно изграден врз заедничките антиемигрантски ставови, оценува весникот.

Минатиот месец Орбан го поддржа Трамп. „Ние навиваме за победа на Доналд Трамп, бидејќи добро ја познаваме дипломатијата на американските демократски влади, изградена врз морален империјализам... Бевме принудени тоа да го искусиме, не ни се допадна, не сакаме втор пат“, напиша Орбан во една колумна.

Претседателот на Бразил Жаир Болсонаро му изрази поддршка при потпишување на новиот трговски договор со САД, на почетокот на месецот, пишува Вашингтон пост, и додава дека како Орбан, и Болсонаро има сличности со Трамп – познати се по популистичката политика и бомбастичната реторика кои им пркосат на политичките норми, а среде своите мандати обележани со коронакризата, двајцата беа заразени со вирусот и двајцата продолжија да ги минимизираат последиците на вирусот.

Филипнскиот претседател Родриго Дутерте му го даде на Трамп благословот за реизбор во февруари, набрзо по завршувањето на долгогодишниот воен договор со САД, што минстерот за одбрана Марк Еспер го нарече „несреќна одлука“, но Трамп кажа дека не му пречи.

„Внимателната и разумна реакција на претседателот Трамп на завршувањето на договорот го наведе претседателот Дутерте да оцени дека „претседателот Трамп е добар претседател и заслужува да биде повторно избран““, наведува весникот и потсетува дека организациите за човекови права го обвинуваат Дутерте дека дозволува кршење на правата и култура на распространета неказнивост во пресметката со политичките противници и војната против дрогата.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

При еден спор, понижувањето не е добро ниту за победникот, ниту за поразениот; ниту за „победникот“, ниту за „поразениот“.

повеќе

Стравот од неизвесноста што ја носи пандемијата од ковид-19 вирусот, бара да се преструктуираме и да го промениме начинот на нашето однесување и работење.

повеќе

Ако имаме предвид дека секој збор има свое значење, тогаш оваа „железна завеса" кон Бугарија, за која зборува премиерот дека била подигната од Југославија, се доведува во корелација со Берлинскиот ѕид. А, железната завеса помеѓу двете германии доведе до нивно обединување.

повеќе