Се надеваат на „прекин на застојот“

Вашингтон: Напредок е можен кога од Брисел ќе си заминат Јункер, Туск и Могерини

Трамповата адмнистрација се надева дека претстојната промена во раководството на Европската Унија ќе „доведе до прекин на застојот“ вклучувајќи го и актуелниот трговски спор, кажа Гордон Сондленд, американскиот амбасадор во европскиот блок.

Американскиот државен секретар Мајк Помпео на почетокот на оваа недела се обиде да воспостави потесни односи со идните лидери на ЕУ и да го одбележи крајот на проблематичните односи меѓу Вашингтон и Брисел кои се влошија од доаѓањето на власт на американскиот претседател Доналд Трамп.

„Секретарот дојде исклучиво за да се сретне со четворицата лидери на ЕУ со цел рестартирање на нашите односи“, изјави Сонленд во Брисел и додаде дека Трамп ги поддржува напорите на Помпео.

„Нашиот однос наиде на застој на неколку фронтови и резултираше со многу непријатни разговори“, кажа американскиот амбасадор откако заедно со Помпео се сретна со идната претседателка на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, идниот претседател на Европскиот совет Шарл Мишел, кандидатот за шеф на дипломатијата Жосеп Борел и новиот претседател на Европскиот парламент Давид Сасоли.

Во разговорот со новинарите Сондленд изрази оптимизам околу прашањето на воспоставување добар работен однос со новото раководство во Брисел, но изнесе и искрена, и ни малку ведра, оценка за работниот однос со актуелните функционери, вклучувајќи го претседателот на ЕК Жан Клод Јункер, кој директно со Трамп преговараше за трговскиот спор.

На прашањето на новинарите дали е оптимист дека новите трговски преговори со ЕУ би можеле да почнат пред ноември, Сондленд кажа дека напредокот е малку веројатен додека ЕУ не го смени раководството, пренесува Политико.

„Со актуелното раководство веќе некое време тапкаме во место, тоа не ни даде резултати, но ние ќе продолжиме по истиот пат и ќе дадеме сѐ од себе додека не се смени раководството а потоа повторно ќе правиме евалуација“.

Трамп минатата година еднострано воведе царини на челик и алумниум од ЕУ на што Брисел возврати. Претседателот на САД се закани со понатамошна ескалација, вклучувајќи царини на автомобилите кои се произведуваат во ЕУ и на препознатливите производи како француското вино. Јункер во јули 2018 посредуваше во постигнувањето привремено примирје, но Трамп во ноември ќе донесе одлука за нови давачки.

На Јункер мандатот му истекува на 31 октомври, додека последниот работен ден на Доналд Туск на функцијата претседател на Советот е 30 ноември.

Состаноците на Помпео со идните водечки функционери на ЕУ навестуваат дека Вашингтон би можел да го смени ставот. Помпео на крајот на 2018 во говор во Брисел предупреди дека Трамповата политика „Америка на прво место“ ќе го преобликува повоениот систем и дека ќе имаат приоритет суверените држави, а не институциите како ЕУ.

Меѓутоа Сондленд во вторникот кажа дека членовите на новиот тим на ЕУ се навикнати на стилот управување на Трамп и дека се спремни да соработуваат со него. „Утврдено е дека имаме иста цел, о поинакви тактики“, кажа Сондленд и додаде дека е „здраво да не се согласува, но дека тоа не го поништува пријателството и потребата за сојуз“. „Ова нема врска со Трамп, ова е во врска со САД и ЕУ“, кажа американскиот амбасадор по заминувањето на Помпео.

Тој сепак кажа дека пристапот кон новото раководство не треба да се толкува како критика на функционерите кои ги завршуваат мандатите. „Остваривме некои големи успеси заедно“, кажа тој.

„Меѓутоа, исто така сакаме да ги надминеме застоите, а понекогаш начинот да се направи тоа е промена на играчите на теренот“.

„Тоа во голема мера е до карактерот, бидејќи и најкомплицираните теми бараат луѓетода седнат и да разговараат на продуктивен начин, да се сослушаат едни со други и да утврдат околу што се сложуваат а околу што не“, кажа тој.

Меѓутоа, наведува Политико, многу лидери велат дека независно од тоа колку се трудат да слушаат, тие не ги разбираат Трамповите позиции, ниту неговиот начин на размислување.

И додека американската делегација се обидува да воспостави потопли односи со идните лидери во Брисел, Трамп во вторникот на Твитер повторно ја обвини ЕУ дека спроведува неправедни тргоски практики и дека тоа ќе мора да се смени.

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе