Ураганот Ида ги претвори њујоршките подруми во смртоносни замки (ВИДЕО)

Њујоршките подруми претворени во станови оддалечени само неколку метри од скалите станаа смртоносни замки за десетина жители кои во нив се удавија во поплавите по бурата Ида.

EPA-EFE

Славните „подруми“ на Менхетн, Бруклин или Квинс, понекогаш се многу примитивни, често илегални и во нив главно живеат работници со ниски примања, студенти или емигранти.

Единаесет луѓе, вклучувајќи двегодишно дете, се удавија во своите домови во поплавите во средата вечерта.

Среде градот, водата ги голтна нивните станови, често без прозорци и со само еден излез, на улицата. Со наглото доаѓање на надојдената вода која им ја блокирала единствената можност за бегство, тие немале никаква шанса.

Ѕвездата во подем на Демократската партија, њујоршката конгресменка Александра Окасио Кортез, го осуди таквото живеење.

„Тие кои живеат во подруми изнајмени „на црно“ во лоши безбедносни услови се најранливи на поплавите“, напиша Кортез на Твитер, додавајќи дека станува збор за „работници, емигранти и семејства со ниски примања“.

Според истражувањето на Центарот Прат за урбаниот развој од 2008 година, во подрумски станови живееле 114 илјади њујорчани.

Бидејќи градот од тогаш пораснал за повеќе од 600.000 жители, се претпоставува дека таа бројка денес е многу поголема.

За подрумското живеење во Њујорк, град со 8,8 милиони жители, владее своевиден закон на молчење, велат експертите.

„Таквото живеење е често нелегално, казните се високи, но на кираџиите им треба сместување, а на изнајмувачите им треба заработка. Последицата е дека никој не сака да зборува за тоа“, вели Ребека Морис од Центарот Прат.

Нејзината колешка Никол Жилинас, економистка на Институтот на Менхетн, смета дека одговорноста треба да ја сносат изнајмувачите кои нелегално ги изнајмуваат становите.

„Но, кризата со просторите за живеење е голема, нема доволно простор“, објаснува Морис која не верува дека со прогон на бескрупулозните изнајмувачи проблемот ќе биде решен.

Заговорниците на евтиното изнајмување тврдат дека во тие случаи всушност најважниот проблем е недостигот од безбедносни стандарди, особено излези за нужда.

Во меѓувреме е почната кампања во Њујорк да се создадат 200.000 безбедни и достапни подрумски станови.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Македонија може да ги задоволи потребите од електрична енергија ако на површина од 160 км2 постави соларни панели, а инвестицијата за тоа е 2,4 милијарди евра.

повеќе

Тешко е да се очекува дека ветото ќе биде туку-така тргнато. Дури и кога би се постигнал некаков договор, тоа би значело дека Македонија направила тешки и болни компромиси за да дојде до решение, имајќи ги предвид тврдите позиции на Бугарија.

повеќе

Лошите прогнози за инфлацијата и зголемувањето на цените на сите енергенси, не упатува кон еден заклучок - обновливите извори на енергија, заедно со вложувањето во самоодржливост и економијата на подарувањето сега се позначајни отколку кога и да е претходно.

повеќе