Украина од овој викенд за претседател најверојатно ќе има комичар

Заситени од длабоко вкоренетата и желни за промени, Украинците во недела за нов претседател на државата најверојатно ќе го изберат 41-годишниот Володимир Зеленски, комичар без политичко искуство.

Зеленски, кој го глуми претседателот во една популарна телевизиска серија, освои речиси двојно повеќе гласови од сегашниот претседател Петро Порошенко во првиот круг на изборите минатиот месец и оттогаш популарноста не му паѓа.

Истражувањето на јавното мислење кое неделава го спроведе агенцијата КИИС покажа дека Зеленски би требало да добие 72 отсто од гласовите во вториот круг, а Порошенко 25 отсто. Минатата недела едно друго истражување му даде 61 отсто од гласовите, а на Поршенко 24 отсто.

Подемот на Зеленски одговора на протестното расположение на гласачите во многу други делови од светот, од изборот на американскиот претседател Доналд Трамп до брегзитот и Движењето на петте ѕвезди во Италија кое на власт го донесе исто така комичар.

Неговата победа би било драматично скршнување од претходните избори на кои победуваа искусни политичари, вклучувајќи ги тројцата поранешни премиери.

Во игра е водството над државата која се наоѓа на првата линија на конфликтот на Западот со Русија по протестите на главниот кивески плоштад Мајдан во 2014, поради кои прорускиот претходник на Порошенко Виктор Јанукович мораше да избега во егзил, и последичната руска анексија на Крим.

Порошенко верува дека може да го стигне Зеленски и постои навистина мала веројатност гласачи во последен момент да решат да изберат познато лице наместо скок во непознато.

Зеленски ветува дека ќе ја задржи прозападната ориентација на Украина и ги уверува инвеститорите дека ќе ги спроведе реформите, ќе се бори против корупцијата и ќе се придржува до условите на Меѓународниот монетарен фонд.

Иако почна да објавува делови од својата политичка програма, всушност сѐ уште е непознат, а и сомнителен поради своите врски со моќен олигарх, сопственикот на телевизијата на која настапува, кој сака да го избрка Порошенко од власта.

„Комичарот капитализираше на големото противење на јавноста на политичките елити и големата непопуларност на Порошенко кај гласачите“, вели Ањес Ортолани, аналитичарка на Економист интелиџенс јунит.

„Политичката платформа на Зеленски, освен фокусот на борбата против корупцијата и генералната прозападна агенда, и понатаму е нејасна. Нашата прогноза е дека Зеленски ќе го победи Порошенко во вториот круг“, оцени таа.

Порошенко, 53-годишниот магнат кој богатството го стекна со фабрики за чоколадо, тврди дека неговиот противник е популистички кловн, неспособен за водење на земјата која е во војна со проруските бунтовници на истокот на земјата. Во конфликтот досега загинаа речиси 13.000 луѓе.

Порошенко им обезбеди на Украинците безвизен режим за патување во ЕУ, спроведе дел од реформите, помогна во воспоставувањето афтокефална украинска православна црква и успешно лобираше Западот да ги задржи санкциите против Русија.

Но, критичарите напоменуваат дека ритамот на промените не соодветствува со очекувањата на демонстрантите од Мајдан. Порошенко не го одржа ветувањето дека брзо ќе го заврши конфликтот на истокот на земјата, а животниот стандард е и понатаму низок. Украина, земја со 42 милиони жители, е една од најсиромашните во Европа.

Само девет отсто од Украинците имаат доверба во својата влада, најмалку во светот, покажа истражување на Галуп, чии резултати беа објавени во март.

Зеленски го искористи таквото антиестаблишментско расположение на јавноста водејќи необична кампања полна со шеги, комичарски настапи и интелигентни објави на социјалните мрежи на кои има милиони следачи.

Неговата кампања привлече и познати реформатори, вклучувајќи двајца поранешни министри кои се разидоа со Порошенко.

„Порошенко не ја донесе правичноста поради која се случи Мајдан“, кажа Аиварас Абромавициус, поранешен министер за економија кој стана советник на Зеленски.

Пред изборите во недела, двајцата кандидати утре ќе имаат и необично соочување на фудбалски стадион во Киев пред десетици илјади луѓе.

„А мојот приговор до претседателот Порошенко е тоа што ја разбуди надежта дека со земјата може поинаку да се владее, но таа надеж, за жал, и ја закопа“, заклучи Абромавициус.

САД денес остануваат држава со најнапреден систем на високо образование во светот, со најголем број на научни публикации, инвестиции во наука, патентирање на иновации и на добитници на Нобелова награда.

повеќе

(Реакција на колумната на Наум Кајчев, „За Гологанови и нашата заедничка историја“, 15 септември 2019, МКД.мк)

повеќе

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе