Убиениот француски наставник прогласен за маченик на слободата на изразувањето

Наставникот по историја кому во Париз му беше отсечена главата е претставен како маченик за слободата на изразувањето во Франција, пишуваат светските медиуми.

EPA-EFE

Наставникот беше убиен затоа што во рамки на граѓанското воспитување на учениците им покажал карикатури на муслиманскиот пророк Мухамед како илустрација на идејата на слободата.

Наставниците во таа земја, иако уплашени од шокантното убиство, порачуваат дека нема да се откажат од спорните и тешки теми.

Убиството на наставникот ѝ донесе на Франција национална траума, која ги оживеа сеќавањата на неодамнешните терористички напади, пишува Њујорк тајмс со констатација дека жртвата на нападот веднаш низ францускиот политички спектар е претставена како маченик на слободата на изразувањето.

Претставниците на францускиот парламент станаа да ѝ искажат почит на жртвата, додека францускиот претседател Емануел Макрон на местото на нападот во петокот вечера кажа дека тоа бил обид за уништување на републиката.

Наставникот бил убиен „затоа што предавал, бидејќи предавал слобода на изразувањето, слобода да се верува и да не се верува“, кажа францускиот претседател во краткото телевизиско обраќање.

Претставник на полицискиот синдикат кажа за француската телевизија БФМ дека сведоците виделе како напаѓачот ѝ го пресекол грлото на жртвата. Полицијата била повикана, и откако го виделе обезглавеното тело, се соочиле со напаѓачот во близина на едно училиште. Мавтајќи со голем нож, тој им се заканувал на полицајците, и откако одбил да се предаде, во него било пукано 10 пати.

Нападот следува три недели откако друг напаѓач со нож рани две лица во Париз во близина на поранешните канцеларии на Шарли ебдо, местото на терористичкиот напад во 2015 врз сатиричниот весник поради карикатурите на Мухамед.

Француската полиција наведува дека убиецот е поврзан со таканаречената Исламска држава, 18-годишен чеченски бегалец, кој бил инспириран од тврдењата на родител на една ученичка дека убиениот Самуел Пати бил исламофоб, пишува Тајмс, кој исто така истакнува дека убиениот наставник е прогласен за маченик на слободата на говорот.

Убиецот Абдула Анзоров на интернет објави снимка од отсечената глава што во саботата била споделувана на мрежата Телеграм меѓу Чеченците што го поддржуваат ИСИС. Сомнежите за врските меѓу убиецот со терористичката организација се засилени со откритието дека неговата полусестра се придружила на Исламска држава во Сирија во 2014, и дека била предмет на антитерористичка истрага.

Според обвинителот, полицијата истражува како Анзоров се вмешал во спорот во училиштето во мирниот град, кој е на 80 километри од местото во кое живее, пишува Тајмс, и укажува дека се сомнева дека реагирал на тврдењата на Брахим Чнине, татко на 13-годишно девојче, кој го обвинил наставникот за исламофобија и против него водел кампања на социјалните мрежи.

47-годишниот Пати, објаснува лондонскиот весник, бил нападнат поради часот по морално и граѓанско воспитување пред две недели кога на учениците им покажал карикатури на пророкот Мухамед за да го илустрира концептот на слобода. Меѓутоа, Чнина во училиштето дал формална тужба против Пати и го пријавил во полиција дека на учениците им покажува „порнографија“.

Покрај жестоките постови на интернет, Чнина кажал дека Пати на учениците од муслиманска вероисповед им кажал да излезат од училницата, што наставникот и другите ученици го негираа и кажаа дека тие можат да излезат од училницата ако карикатурите ги сметаат за непримерни. Додека одделни ученици кажале дека слушнале дека Пати е расист и исламофоб, други, укажува Тајмс, го бранеле укажувајќи дека одлично го познавал својот предмет и навистина сакал да им пренесе знаење на учениците.

Наставници низ цела Франција на новинарите им зборуваат за својот страв, вџашени од нападот врз колегата убиен среде бел ден во мирна приградска улица, укажува Би-би-си.

Освен ужасот во убиството има и моќна симболика, оценува британскиот сервис, укажувајќи на зборовите на францускиот министер за образование, кој кажа дека коренот на она што се случи е „омраза кон републиката“.

Во Франција за клучна задача на образовниот систем се смета пренесувањето на националните вредности – слободата, еднаквоста и братството, истакнува Би-би-си и додава дека три недели по нападот кај поранешната редакција на Шарли ебдо, најновото убиство е уште еден доказ околу поделбите за секуларизмот и толеранцијата, кои и претходно оставале „крв на улиците на земјата“.

Од друга страна, шокираните француски учители се заколнаа дека ќе продолжат да го поттикнуваат критичкиот дух кај своите ученици со разгледување на спорните теми, и покрај убиството на колегата, кој им покажал на учениците карикатури на Мухамед во рамките на дискусијата за слободата на говорот, укажува Гардијан.

Пред состанокот на наставниците со министерот за образование во саботата претседателот на синдикатите на средношколските наставници кажа дека учителите се „потресени“, но дека нема да потклекнат на стравот.

„Ќе продолжиме да разговараме за слободата на говорот. Ако има тешки предмети, ќе продолжиме да ги предаваме. Ќе се обидуваме да го поттикнеме критичкиот дух на нашите ученици и да им објасниме дека секој има право да не се согласи“.

Часовите на морално и граѓанско воспитување кои ги предавал наставникот по историја и географија Самуел Пати се задолжителни и покриваат предмети кои вклучуваат сексуалност, смртна казна и абортус, укажува Гардијан.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Во моментов, мал број проекти или иницијативи во Македонија се фокусираат на тоа како универзитетите ги подготвуваат студентите за општествена одговорност и за граѓанскиот статус.

повеќе

Попис на населението во 2020 треба да има, затоа што тоа утре може да биде услов за Македонија да чекори напред кон ЕУ.

повеќе

Северна Македонија, исто така, мора да се придвижи кон енергетска независност, користејќи обновливи извори на енергија кои нема да му наштетат на кревкиот екосистем во оваа прекрасна земја.

повеќе