Турција сака да се ослободи од сириските бегалци, рипна бројот на депортации

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган не се закануваше кога во Анкара кажа дека Турција би можела да биде присилена „да ги отвори своите врати“ ако повеќе не добива поддршка од Европа за снабдување на бегалците и за формирање „безбедносна зона“ на северот на Сирија, пишува Дојче веле.

Заднината на барањето на Ердоган е таканаречениот Договор за бегалците од март 2016 година. Тогаш ЕУ на Турција ѝ вети шест милијарди евра во текот на следните неколку години за снабдување на сириските бегалци. Според податоците на Европската комисија, веќе се исплатени 2,4 милијарди и останатите 3,5 милијарди ќе бидат исплатени во согласност со договорот. „Веруваме во тоа дека соработката со нашите турски партнери може да продолжи во добри односи“, дипломатски соопшти Европската комисија.

Ни Кристијан Бракел, шефот на Фондацијата Хајнрих Бел во Истанбул, не верува дека Ердоган навистина би можел да дозволи пропаѓање на договорот. Тој за тоа „нема подобри опции“, вели Бракел за ДВ. Овој експерт за Турција вистинските проблеми во односот кон бегалците во Турција ги гледа на друго место. Во изминатите недели и месеци бројот на депортациите на бегалците од Турција во нивните матични земји нагло порасна. Во случајот на бегалците од сириската граѓанска војна, станува збор дури и за воени жаришта како Идлиб, вели Бракел.

„Доброволно враќање“ под закана со ќотек

Во Анкара никој не негира дека во меѓувреме околу 320.000 Сиријци, кои избегале во Турција, повторно се вратиле во својата татковина. Меѓутоа, турските власти зборуваат за „доброволно враќање“. Кристијан Бракел не верува во тоа. Постојат бројни веродостојни сведоштва на луѓе кои се пријавиле во полиција со намера да го продолжат престојот во Турција. „Таму пак им е дадено да потпишат документ со кој би требало да го потврдат своето „доброволно враќање“. Под закана со физичко насилство наводно им е дадено до знаење дека приговори нема да бидат прифатени. Во такви околности, според Бракел, „нормално дека не може да се зборува за доброволно заминување“.

Таквото однесување со бегалците изненадува на прв поглед. Во повеќе наврати турскиот претседател Ердоган и членови на неговата владејачка партија АКП гордо ја истакнуваа спремноста на турската влада да помогне. Така есента во 2017 во интервју за Дојче веле зборуваше политичарката на АКП Фатма Сахин, која од 2014 година е градиначалничка на градот Газијантепе на границата со Сирија. „Со години се обидуваме да им помогнеме на луѓето во неволја од Сирија. Тоа тука е традиција, тоа е нашата култура. Ако твојот сосед гладува, мора да се обидеш да му помогнеш. Мислам дека ние со нашето однесување станавме пример во светот. Ние станавме совеста на светот“.

Турција навистина имаше специјална улога што се однесува до сириските бегалци. Над 6,3 милиони луѓе ја напуштија Сриија и мораа да побараат засолниште во соседните земји. Повеќе од половина ги прифати токму Турција.

Порасна нетрпеливоста кон бегалците

Сепак, почетната еуфорија кон дојденците во многу места повеќе ја нема. Со години толерираната пракса дека Сиријците кои не се регистрирани во Истанбул сѐ уште живеат во милионската метропола, повеќе нема да биде толерирана, а бегалците за кои станува збор ќе мора да го напуштат градот.

Причината за промената на реториката на Ердоган за Кристијан Бракел е губењето на изборите во метрополата на Босфор: „Особено во окрузите во кои живеат многу бегалци АКП остана куса. Иако тие делови на Истанбул порано претставуваа упоришта на АКП, сега во нив таа партија очигледно е казнета“. За тоа е виновна и напнатата економска ситуација. Сѐ на сѐ, неподносливоста кон бегалците, без огледа дали станува збор за отворен расизам или дури насилство, е многу порасната. Изменетата реторика е јасен обид повторно да се воспостави контрола врз ситуацијата“.

Колку тоа би можело да стане тешко е јасно кога ќе се погледне соседна Сирија. Во последните недели повторно дојде до ескалација на борбите околу последниот голем џихадистички регион Идлиб, кој граничи со Турција. Во таа област живеат околу три милиони бегалци од друго делови на Сирија. Ако тамошната ситуација се влоши, тие луѓе би можеле да се обидат да стигнат до Турција. Владата во Анкара на тоа веќе реагираше со одржување на самит за Сирија следниот понеделник со рускиот претседател Владимир Путин и иранскиот претседател Хасан Рохани.

Ајде од понеделник да се посветиме сериозно на „носење на Европа" во нашата држава.

повеќе

Улогите на „добар и лош полицаец“ ќе ги играат кон нас уште долго, доколку не сфатиме дека со итроманска политика не се може подалеку од Табановце до Богородица.

повеќе

Неделава, владите на ЕУ повторно решија да го одложат започнувањето на преговорите за пристапување со земјите кандидати Албанија и Северна Македонија, што претставува историска грешка - бидејќи безбедноста и стабилноста на Унијата зависат од трансформацијата на југоистокот.

повеќе