Турција ѝ се заканува на Грција со војна, еден остров е во центарот на инцидентот

Островчето Кастелоризо, кое стои во водите на источното Средоземје на само два километри од турскиот брег, воопшто не изгледа како центар на меѓународен инцидент.

EPA-EFE

А и неговите жители не се загрижени, иако дипломатските тензии растат бидејќи Турција, Грција и нивните сојузници спроведуваат воени вежби во околните води, што всушност е покажување мускули во конфликтот околу правата за експлоатација на природен гас.

„Никој тука не се плаши“, вели 45-годишниот Јоргос Карајанис. „Навикнавме на тие политички игри и тоа островјаните не ги исфрла од нивната рутина“.

Карајанис е роден на тој остров со мало пристаниште и пастелни куќи. Неговиот брод секој ден ги сече водите меѓу Кастелоризо и турското копно, превезувајќи туристи на островот и островјани во шопинг.

„Го работам ова 30 години, како што тоа моето семејство го правеше пред мене. Нема причина тоа да се смени“, вели тој.

Во моментов само пандемијата на коронавирусот донекаде ја спречува размената меѓу островот и турскиот град Каш од другата страна на теснецот.

Бидејќи половина од 500-те жители на островот се во оружените сили, луѓе во униформи и костими за капење подеднакво шетаат по брегот.

А водата, мирна како огледало, е целосна спротивност на меѓународната нервоза околу правата на богатството што го крие под себе.

„Ние сме пријатели“

Кастелоризо е грчкиот остров најодалечен од европското копно. Суво и карпесто парче со површина од девет квадратни километри.

Неговите жители одамна се навикнати да се главна тема на долгогодишното грчко-турско непријателство, вели 62-годишната Фотини Дрица, сопственичка на сувенирница.

Меѓу грчките островјани и Турците карши има „длабоки врски и пријателство“, истканува таа.

Заменик градоначалникот Ставрос Амигдалос се сложува дека имаат добри односи со соседите, збратимени се со градот од спротивната страна, заедно организираат културни фесивали, економские врски се големи.

И додека политичкиот притисок се трупа во одалечените престолнини, „ние остануваме мирни и ништо не се менува во нашето секојдневие“, додава Амигдалос.

Турската воена морнатица го испрати на 10 август истражувачкот брод Оруч рејс во водите јужно од Кастелоризо.

Тоа беше одговор на договорот на Грција и Египет потпишан четири дена претходно за разграничување на поморските економски зони на двете земји. На Анкара ѝ се стемни бидејќи Грција водите околу Кастелоризо ги наведе како свои. Претседателот Реџеп Таип Ердоган веднаш кажа дека нема да дозволи „Турција да се сведе само на брегот“.

„Еве, Турците само што не нападнале“

Директорот на Грчката фондација за европска и надворешна политика (Елијамеп) Панајотис Џаконас вели дека двете земји би требало да се обратат на меѓународен трибунал да им ја одреди морската граница.

Пред тоа двете земји ја покажуваат воената сила со воени вежби и се обидуваат на своја страна да привлечат што повеќе сојузници.

„Вежбите се одвиваат на отворено море, а животот на островот не се менува“, вели припадник на грчката крајбрежна стража кој сакал да остане анонимен.

„Така од кога сум роден“, вели рибарот Димитрис Ахладиотис. „Еве, Турците само што не го нападнале островот“, додава смеејќи се.

Во меѓувреме единственото нешто што предизвикува немир во кристално чистата вода околу Кастелоризо се морските желки.

Турција ѝ се заканува на Грција со војна ако ја прошири територијата на море

Можното грчко проширување на територијалните води вдолж поморската граница кон Турција ќе се смета за повод за војна, изјави во саботата турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу.

„Тие (Грците) не смеат да ги прошират своите територијални води во Егејското Море на 12 милји“, кажа Чавушоглу, рефереирајќи на морето кое ги дели двете средоземни земји. „Тоа би било повод за војна“, кажа Чавушоглу, повикувајќи се на декларација на турскиот парламент од 1995 година.

И Турција и Грција имаат шест милји територијално море во Егејот, каде има голем број грчки острови во близина на турскиот брег. Тие две соседни земји, членки на НАТО, спорат во последните денови околу турските планови за истражување на морското дно на источното Средоземно Море, за кое се верува дека е богато со нафта и гас.

Турското предупредување следеше откако грчкиот премиер Киријакос Мицотакис минатата недела објави дека грчките територијални води на западната страна свртена кон Италија ќе се прошири на 12 милји. Мицотакис кажа дека Грција би можела да ги прошири своите територијални води и во друг области.

„Не нѐ интересира ако го прошируваат своето територијално море во Јонското Море... но нашиот став околу Егејското Море е сосема јасен“, кажа Чавушоглу.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Релевантните институции покажуваат неподготвеност да го спроведат долгоочекуваниот попис.

повеќе

Економската стратегија има за цел да се реализираат можностите на дигиталната трансформација, да се зајакне соработката во областа на климатските промени, енергетскиот сектор, човечкиот развој и безбедноста на храната.

повеќе

Во време кога турската лира е во историски пад, Турција мора да надмине бројни предизвици за целосно да закрепне од кризата.

повеќе