Терористичко подземје

Тунелите поради кои страда Газа (ВИДЕО)

Поради комплицираната мрежа на подземни премини, кои терористичката организација Хамас ги користи при своите дејства, тежиштето на борбите во појасот Газа се премести во подземјето, пишува Вашингтон пост.

„Цела Газа е еден подземен град, а инфраструктурата што Хамас ја изградил таму долу е огромна. Тоа се тунели, проширени бункери, објекти за чување оружје, дури и во урбаните области“, тврди портпаролот на израелската војска, капетан Ејтан Бухман во разговорот за Вашингтон пост.

Израелската војска досега открила 66 влеза, кои водат во 23 тунели, и не планира да ја прекине својата офанзива пред сите да ги уништи или да ги оневозможи, бидејќи тврди дека се „изградени за киднапирање и убивање Израелци“.

Хамас во изминатите две недели двапати ги користел тунелите за да се инфилтрира во Израел, од што еднаш маскирани во униформи на израелската војска, а во 2006 година низ тунелите беше киднапиран израелскиот војник Гилад Шалит, кој потоа мина пет години како заложник.

Овие тунели, кои служат за транспорт на луѓе и воена опрема, почнуваат во Газа и завршуваат во Израел, а ги изградил Хамас во 2006 година, кога ја презеде кон контролата врз Газа и реши да си обезбеди можност за инфилтрирање во Израел.

Меката и песочна почва е поволна за копање, па тунелите се доволно високи за низ нив исправено да мине возрасен човек, и доволно широки за да собере вагон на шини, а засилени се со дрвени греди, налик на старите рударски тунели. Има и такви што се бетонирани и опремени со електрични инсталации.

Како тие изгледаат однатре може да се види во пропагандното видео што неодамна го објави Хамас, во кое се прикажани вооружени и маскирани терористи како маршираат низ слабо осветлените подземни премини.

Kога веќе треба да се држи комбинирана настава, колку и да е комплицирана таа „равенка“, во неа не смее да се забораваат децата кои учат онлајн.

повеќе

Под менторство на овој истраен истражувач, научник и педагог, се развивале и се формирале многумина трудбеници и афирматори на македонското културно наследство.

повеќе

Ковидот нема да нѐ победи. Да зборуваме за раст и развој, за подобар и забрзан раст, за паметен и зелен развој.

повеќе