На Фејсбук

Тролови и измамници од Косово манипулираат со австралиските корисници според моделот „Велес“

Мрежа од популарни страници на Фејсбук што изградиле голема публика од Австралијци вознемирени поради прашања како што се исламот, бегалците и политичката коректност, е под контрола на тролови и измамници од Балканот, кои профитираат од бесот што го разгоруваат, вели австралискиот разгранок на Еј-би-си њуз.

Истрагата на овој медиум открила најмалку четири популарни страници со исти карактеристики, менаџирани од администратори со седиште на Косово, во Албанија и во Македонија.

Сите четири страници содржат мешавина од патриотски и агитациски меми и микс од новински извештаи чиј извор е само една веб-страница специјализирана за препакување содржини украдени од мејнстрим и независни новински организации, вклучувајќи и неколку од Австралија.

Ксенофобичната содржина се фокусира на теми како што се бегалците, имиграцијата, муслиманите и исламот и слободниот говор.

Фејсбук-страниците имаат комбинирана фан-база од над 130.000 корисници, која е градена во тек на неколку години. Најстарата и најпопуларна страница, „Австралијците против шеријатот“, датира од јуни 2013 година.

И покрај тесниот фокус на овие страници, некои од постовите се споделувани повеќе од 20.000 пати, што укажува дека промовираните каузи силно одекнале меѓу незадоволните Австралијци.

За популарните фејсбук-страници како овие, потенцијалниот досег ќе биде најмалку 10 пати поголем од фан-базата, изјави Џо Јангблад, консултант за дигитален маркетинг со седиште во Далас, Тексас.

Фејсбук сега ги има отстрането овие страници, признавајќи дека тие ги прекршиле неговите правила со „координирано невнимателно однесување“. Но претходно тие заработувале пари од рекламите што се појавуваат.

 

Моделот „Велес“

Косовските страници користат бизнис-модел како оној откриен во 2016 година, кога градот Велес во Македонија, порано дел од Југославија, беше откриен како епицентар на „фабрика за лажни вести“, читани од Американците радикализирани за време на политичкиот подем на Доналд Трамп, вели Еј-би-си.

Велес беше дом на куќна индустрија на издавачи, многумина од нив тинејџери, кои произведуваа про-Трамп вести за време на претседателската кампања во САД и користеа „кликбејт“ постови на Фејсбук за да ги намамат читателите до нивните веб-страници, кои се финансираат од реклами.

Многумина од нив тврдат дека заработиле илјадници долари месечно правејќи лажни вести, за кои некои експерти велат дека му помогнале на Трамп да влезе во Белата куќа.

Мрежата што сега е откриена од Еј-би-си њуз е со помал обем од онаа во 2016 година, и наместо да создаваат лажни вести, страниците на Фејсбук за кои станува збор имаат само преработени украдени содржини.

Сепак, тоа покажува дека и покрај обидите на Фејсбук да го спречи она што еуфемистички го нарекува „невнимателно однесување“, сè уште постојат онакви што наоѓаат начини да профитираат од манипулирање на јавното расположение.

Сара Томпсон е уметница и јавачка на коњи од рурална Индијана, која налетала на друга македонска измама во Фејсбук во 2016 година и оттогаш го истражува феноменот.

Таа гледа сè повеќе и повеќе активности што произлегуваат од Балканот и од места како Индија и Пакистан.

„Сега гледам невнимателно однесување насекаде каде што ќе погледнам“, вели таа. „Ние тука сме во голема неволја. Навистина се чувствувам како да е национална вонредна состојба.“

И сè додека Фејсбук има судир на интереси поради својот комерцијален интерес, таа вели дека не може да види како компанијата може да игра и ефективна улога како регулатор.

„Немам голема надеж дека ќе се избориме против лошите момци“, рече таа.

Томсон сега води веб-страница и фејсбук-страница наречена Exploiting the Niche, која е посветена на разоткривање на измамите и лажните вести и на едукација на луѓето за тоа како системот е изигруван.

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе