Третина од светското население може да врие во сахарска жега до 2070 година

Мозочните генијалци како Илон Маск можеби сакаат да го колонизираат Марс, но во моментов се чини дека е покорисно времето и ресурсите да ги употребиме за да ја одржиме Земјата погодно место за живеење, вели Гизмодо.

Според една нова студија, екстремната жега што сега ја има само во делови од Сахара може да се рашири на скоро 20% од Земјината топка (и скоро една третина од човештвото) ако јаглеродните емисии продолжат неконтролирано. Трудот, објавен во понеделникот во Зборникот на Националната академија на науките, дава добри аргументи да се намалат емисиите на јаглерод и да не се спржи светот.

Авторите на новиот труд користат голем број историски податоци што датираат од пред 6.000 години за да откријат точно кои услови би го загрозиле човековиот род. Излегло дека луѓето можат да се справат со сите нивоа на врнежи од дожд и дека живеат на сите освен на најсушните места на Земјата. Цивилизацијата се приспособила и на сите видови плодност на почвата.

Најголемиот ограничувачки фактор во однос на човековото живеалиште е колку е жешко во него.

Резултатите од студијата покажуваат дека на луѓето им годи тесен температурен опсег, односно просечни годишни температури од 11 до 15 Целзиусови степени. Токму во тој појас голем број од главните култури растат најдобро, а добитокот може да биде многу продуктивен, па затоа авторите го дефинираат како „погодна клима за човекот“. Тоа не значи дека нема други фактори што им пречат на луѓето да напредуваат, но температурата е еден од клучните елементи поврзани со нивната благосостојба.

За наша жал, ако климатските промени продолжат непречено, ни претстои проблем. Веќе гледаме дека цената што растечката жега им ја наметнува на луѓето низ целиот свет, од смртни случаи поврзани со топлински бран до милијарди часови загубена продуктивност, бидејќи едноставно е премногу жешко да се излезе надвор. Сепак, луѓето успеваат да работат и на многу жешки места, од југозападниот дел на САД преку Њу Делхи до Дубаи. Но, на крајот, климатските промени би можеле да нè победат.

Студијата користи РЦП8,5, сценарио каде што емисиите на јаглерод се зголемуваат на екстремно ниво, за да се моделира како би изгледал крајот на векот во однос на погодната човекова клима. Резултатите покажуваат дека таа значително би се намалила. Сахара е едно од малкуте места на Земјата каде што годишната просечна температура стигнува над 29 степени Целзиусови и каде што во основа нема погодна човекова клима. Областите со толку многу топлина опфаќаат само 0,8% од Земјиното копно. Но до 2070 година, тој вид жега ќе стане вообичаена на над скоро 20 проценти од Земјиното копно. Во таа област живеат околу 3 милијарди луѓе, кои, доколку не мигрираат, ќе живеат во услови што луѓето никогаш не успеале да ги поднесуваат во текот на цела година.

Освен тоа, овој пик во температурата во текот на претстојните 50 години ќе биде подраматичен од сè друго во последниве најмалку 6.000 години - периодот кога човечката цивилизација навистина процветала.

Резултатите се навистина шокантни во форма на мапа. Скоро целиот Бразил ќе стане во суштина ненаселив, како и огромни парчиња од Блискиот Исток и Индија, што покажува дека најсиромашните области ќе бидат најтешко погодени. Но влијанијата не се ограничени на земјите во развој; јужниот дел на САД, делови од Австралија и Медитеранска Европа, исто така, ќе забележат температури над погодната клима. Но има некакви придобивки во населивоста на Северна Америка и Европа. Кога научниците минатата година открија дека сите ќе сакаме да се преселиме во Сибир до крајот на векот, не се шегуваа.

Ова е она што е најалармантно од резултатите. Тие покажуваат дека, ако не ги намалиме емисиите, скоро сигурно ќе има масовни миграции надвор од врелите зони. Сето тоа нема да се случи одеднаш во 2070 година. Некои области најпрви ќе го поминат прагот на погодната клима, потенцијално активирајќи бранови миграција. Резултатите покажуваат дека, пред сè и најважно, сега треба да почнеме со намалување на емисиите. Но исто толку важна е и потребата да се подготвиме за миграцијата што во иднина ќе биде предизвикана од климата.

Доколку нешто радикално не се промени, не можеме да очекуваме дека нашата економија брзо ќе се нормализира и ќе излезе од сегашната криза.

повеќе

Како да разликуваш дали „Македонец” означува етничка припадност или државјанство? Според потребата на моментот!

повеќе