Трета светска војна, Трамп, Сулејмани и Франц Фердинанд: зошто овие зборови денеска се тренд?

По смртта на највисокиот воен командант на Иран, се шират многу шпекулации за тоа што може да се случи сега.

Генералот Касем Сулејмани беше убиен со американски беспилотни летала во Ирак.

Тоа ја разгоре и онака напнатата ситуација меѓу Иран и САД.

Покрај неговото име, популарни се и фразите како Франц Фердинанд и Трета светска војна, со многу споменувања за човекот што го нареди нападот - претседателот Доналд Трамп.

Би-би-си дава краток водич за најупотребуваните фрази и зошто се употребуваат:

 

# Сулејмани - кој беше тој?

Касем Сулејмани понекогаш се сметаше за иден претседател на Иран, но на многу начини неговата позиција беше уште помоќна.

Како водач на елитната воена единица на земјата, тој беше одговорен за проширување на влијанието на Иран на целиот Блиски Исток.

Тој ги водеше воените операции во Сирија, Либан и Ирак. Беше многу влијателна личност во странство, а кај многу луѓе во неговата земја имаше статус скоро на рок-ѕвезда.

Но САД ги нарекуваа командантот и неговата воена единица „терористи“ и ги сметаа за одговорни за смртта на стотици членови американски персонал.

Неговата смрт предизвика голем гнев во Иран и го загрижи светот поради тоа што може да се случи сега.

 

#Франц Фердинанд

Се прават многу паралели помеѓу смртта на генералот Сулејмани и едно друго убиство пред 105 години.

Во јуни 1914 година беше застрелан надвојводата Франц Фердинанд - заедно со неговата сопруга - во Сараево, Босна.

Тој беше наследникот на австро-унгарската империја.

Беше убиен од 18-годишен босански активист, гневен што империјата на надвојводата му ја зазела земјата.

По убиството, државите зазедоа страни и тоа покрена серија од настани што доведоа до Првата светска војна.

 

#Трамп

Претседателот Трамп беше тој што го нареди нападот и веднаш откако дојде веста, твитна слика со знамето на САД.

Потоа интернет-корисниците се расприкажаа за некои од неговите минати твитови.

Во 2011 година тој тврдеше дека претседателот Обама ќе „почне војна со Иран“ само за да биде реизбран.

Бидејќи во САД годинава следуваат претседателските избори, многу коментатори сметаат дека тајмингот на овој напад е значаен.

 

#Трета светска војна

Со оглед на очигледните паралели со Сараево 1914 година - еден единствен напад ги зоврива веќе постојните тензии - има многу шпекулации за тоа што може да се случи следно.

Иран сигурно ќе се одмазди за ова. Тие веќе ветија одмазда и ќе го сторат тоа кога ќе сметаат дека треба.

Па кого може да го досегне таа одмазда? Западот, или западните цели во самиот Ирак или во други делови од регионот?

Би-би-си верува дека ако има одмазда, последната опција е најверојатна.

„Да се надеваме дека воопшто нема да се случи, но ако се случи, најверојатно ќе биде во регионот. Тие (Иран) добија мошне софистицирана технологија за автомобил-бомби. Тие исто така добија технологија за беспилотни летала. И мислам дека ако почнат да убиваат американски војници во регионот, тоа ќе биде црвена линија за претседателот Трамп и тој ќе ги ескалира работите дури и уште повеќе.“

Доколку нешто радикално не се промени, не можеме да очекуваме дека нашата економија брзо ќе се нормализира и ќе излезе од сегашната криза.

повеќе

Како да разликуваш дали „Македонец” означува етничка припадност или државјанство? Според потребата на моментот!

повеќе