Трамповото додворување на Орбан е опасно и за Америка и за Европа (ВИДЕО)

Американскиот претседател Доналд Трамп го испофали својот унгарски колега Виктор Орбан при средбата во Белата куќа. Меѓу другото, му кажа дека му е „голема чест“ да го прими во посета, дека Орбан направил „многу на најразлични начини“ и дека е „многу почитуван низ цела Европа“, што не е вистина.

„Веројатно е, како и јас, малку контроверзен, но тоа е океј“, беше најблиску до критика – иако всушност не е – од она што го кажа Трамп при средбата со унгарскиот екстремно десничарски популист. „Направивте добра работа и ја одржавте својата земја безбедна“, веднаш додаде.

Тоа и не е изненадувачко бидејќи Трамп и Орбан имаат многу повеќе заедничко отколку различно. Пред сѐ тука е „борбата против нелегалната емиграција“, како што истакна самиот Орбан.

„Направивте добра работа околу емиграцијата, многумина го мислат тоа“, го уверуваше Трамп, фалејќи го дека навистина „го кренал гардот“, во алузија на унгарското поставување ограда од бодликава жица на границите со Србија и Хрватска пред неколку години. Оградата поради која емигрантскиот бран бше пренасочен преку БиХ, Хрватска и Словенија.

Во соопштението на Белата куќа по средбата се наведува дека „двајцата лидери ја потврдиле својата посветеност на НАТО алијансата и демократскиот систем на владеење кој обезбедува слобода и го култивира просперитетот кој САД и Унгарија го уживаат“. Но, како што предупредуваат голем број критичари, токму Трамп и Орбан се тие кои го напаѓаат демократскиот систем и го поткопуваат одвнатре. А тука е и НАТО, кое Трамп го сфаќа како заштитен рекет кој другите земји треба да им го плаќаат на САД.

Критичарите на Трамп, пишува Гардијан, ја опишаа посетата на Орбан на Белата куќа (на покана на Трамп, нормално), како последна потврда на Трамповото преферирање на соработка со странските лидери со „цврста рака“, без оглед на нивното задушување а човековите права и граѓанските слободи.

„Орбан претставува толку нешта кои се антитеза на суштинските американски вредности. Тој го надгледуваше уназадувањето на демократијата во својата земја, користи антисемитски и ксенофобни изрази во својата политичка комуникација и е близок до Владимир Путин и Кремљ. Нѐ загрижува што гледаме дека претседателот на нашата земја, која низ историјата подрржуваше заштита и промовирање на демократијата и човековите права низ целиот свет, се сретнува со човек кој редовно ги занемарува овие вредности“, се вели во отвореното писмо на демократските конгресмени упатени до Трамп пред посетата, со кое бараа да се откаже посетата на Орбан.

Освен тоа што Орбан во Унгарија наметна свој модел на „либерална демократија“, како што самиот го нарече, темелно поткопувајќи ја независноста на правосудството, медиумите, граѓанското општество и економијата, Орбан во повеќе навари одеше против американските интереси во регионот.

Тука е култивирањето блиски односи со Путин (иако тоа, може да се каже, го прави и самиот Трамп), ја зголемува својата енергетска зависност од Русија, и преку новиот гасовод Турски тек и нуклеарката Пакс која ја градат Русите, не го сузбива кинеското економско влијание во Унгарија и Европа, ѝ дозволува на Руската меѓународна инвестициска банка, која се смета за инструмент на руските разузнавачки служби, да постави седиште во Будимпешта, ги блокира украинските преговори со НАТО поради законот за официјален јазик во таа земја и со давањето азил на поранешниот македонски премиер Никола Груевски против кој е поднесено обвинение за корупција во македонија.

На сето ова може да се додаде и Орбановата вулгарна и дезинформирачка пропагандна кампања против Брисел, претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер, еврејско-унгарскиот милијардер Џорџ Сорос и неговиот Централноевропски универзитет, поради што Европската народна партија го суспендираше членството на Орбановата партија Фидес.

„Ова е понижувачко за САД“, вели за Гардијан Хедер Конли, директорката на Европската програма во Центарот за стратегиски и меѓународни студии.

Иако Трамп повеќе пати „грмеше“ против НАТО сојузниците кои „не им плаќаат доволно на САД“, односно не вложуваат доволно во својот национален воен буџет кој последично ја јакне заедничката одбрана на пактот, не го искара Орбан за истото, иако Унгарија вложува само 1,15 отсто од својот БДП во одбраната. Тоа е далеку од договорената сума за НАТО членките од 2 отсто од БДП.

Симболично е тоа што Орбан последен пат ја посети Белата куќа во далечната 1998, кога претседател беше Бил Клинтон. Ни Џорџ В. Буш, ни Барак Обама не го поканија за време на своите мандати. Неодамнешната посета на американскиот државен секретар Мајк Помпео на Будимпешта беше прва посета на шеф на американската дипломатија од 2011 година.

Но, наместо да наметне строги и конкретни услови за повторно затоплување на односите – одалечување од Русија и Кина, сузбивање на корупццијата, прекин на репресијата врз невладините здруженија, прекин на саботирањето на украинските преговори со НАТО, САД го толерираат однесувањето на нелојалниот сојузник поради Трамповите симпатии кон авторитарно настроените популисти.

Во изминатите 24 години откако Македонија и САД воспоставија официјални дипломатски односи, македонско-американските трговски врски растат бавно, но сигурно.

повеќе

Оваа појава почнува да претставува сериозна закана за учениците, но и грижа за родителите и наставниците.

повеќе

Пробацијата претставува клучна новина во реформата на нашиот пенитенцијарен и казненоправен систем и приоритетна цел на владината политика.

повеќе