Трамповата војна против професионалните дипломати

Односот кон американската амбасадорка Мери Јованович, која претседателот Доналд Трамп ја омаловажи а потоа ненадејно ја отповика од Украина, е пример за кампањата која Трамп ја води против професионалните дипломати, кажаа за Ројтерс сегашни и поранешни функционери.

Искусната дипломатка, која беше на чело на амбасадите во Ерменија, Киргистан и во Украина, не го заврши мандатот во Киев откако во мај беше повикана во Вашингтон поради тоа што Трамповите сојузници против неа изнесоа непоткрепени обвинувања за нелојалност.

Поранешниот заменик државен секретар Бил Барнс, исто така професионален дипломат кој служеше во администрациите на републикански и демократски претседатели, однесувањето кон Јованович го опиша како дел од пошироката „кампања во и против Стејт департментот“.

„Во тек се прилично безобѕирни и опасни напори не само да се отстранат професионалните експерти туку и да се маргинализира Стејт департментот како институција“, вели Бернс, автор на книгата „Црниот канал“ во кој повикува на обнова на американската дипломатија.

Јованович е сега дел од истрагата која ја спроведува Претставничкиот дом на Конгресот за тоа дали Трамп треба да биде отповикан поради тоа што од украинскиот лидер барал да отвори истрага против неговиот ривал. Таа ќе сведочи пред конгресните одбори на 11 октомври.

Јованович, која колегите ја опишуваат како исклучителен професионалец, во март се најде на мета на тврдења дека на украинскиот обвинител му дала список на имиња кои не треба да ги истражува.

Трамповите сојузници бараа таа да биде сменета, обвинувајќи ја дека го критикувала претседателот пред странски функционери, што нејзините колеги го сметаат за незамисливо. Трамповиот личен адвокат, Руди Џулијани, тврдеше дека таа ги блокирала напорите Украинците да го истражат Бајден, наведува Ројтерс.

Трамп неа во разговорот со Зеленски ја нарекол „проблематична“ и кажал дека „таа ќе мине низ одредени нешта“.

„Постои особено опасна практика на прогонување одделни професионални дипломати, поради тоа што работеле на контроверзни теми во минатата администрација, или како во случајот на Мари Јованович, одличен професионалец која работата ја работела исклучително добро, од политички причини“, вели Барнс.

„Имаме професионалци кои си ја работеле работата, следеле инструкции, лојално ѝ служеле на својата земја, а ги третираат како пиони во политичката борба“, вели за Ројтерс еден висок американски дипломат кој сакал да остане анонимен.

Државниот секретар Мајк Помпео се обидува да го крене моралот во Стејт департментот. Минатата година тој речиси го удвои бројот на унапредувања на водечките американски дипломати додека се обидуваше да ги обнови врските со вработени кои ги влоши неговиот претходник Рекс Тилерсон.

Меѓутоа, функционерите тврдат дека Трамповите напори да се маргинализираат професионалните дипломати најдобро се гледаат во тоа што предложи намалување на буџетот на Стејт департментот за 30 отсто и во именувањето на најголемиот број политички амбасадори во модерната историја.

Позицијата на Стејт департментот дополнително ја отежнаа големите политички одлуки кои Трамп ненадејно ги објавува на Твитер. Меѓу нив и суспензијата на безбедносната помош на Пакистан и прекинот на преговорите со талибанците во септември околу повлекувањето на американските трупи од Авганистан. Стејт департментот го тресат и истраги на генералниот инспектор и Конгресот по повод обвиненијата за одмазди и други малтретирања на професионалните функционери од страна на службениците именувани по политичка основа.

„Стекнувам впечаток дека претседателот не ги почитува дипломатите или дипломатијата и тоа се гледа по бројот на политичките именувања во Стејт департментот“, вели Ричард Армитаџ, републикански надворешнополитички експерт-ветеран кој служеше како заменик државен секретар во администрацијата на Џорџ В. Буш.

На прашањето зошто толку високи позиции во Стејт департментот ги вршат „вршители на должноста“ асистенти на секретарите, Армитаџ вели: „Бидејќи не им е гајле за персоналот. Не им е гајле за политиката. Нив само ги интересира да го хранат Доналд Трамп“.

Минатата недела, Сирија повторно беше на врвот на меѓународните вести. Земјата, која долги години е вклучена во борбата против екстремистичките групи, повторно се соочи со нов бран на агресија и воена акција. Во средата, на 9 октомври, турската армија, заедно со сириските антивладини бунтовници, го започна маршот кон североисточните делови на оваа земја што предизвика жестоки борби.

повеќе

Добар изборен систем треба да биде репрезентативен, но и да овозможува ефикасно владеење.

повеќе

Луѓето можете и ги задржите во сопствената земја - ако им е добро.

повеќе