Трамп со децении е опседнат со нуклеарното оружје

Заканата на претседателот на САД Доналд Трамп со „оган и гнев каков што светот не видел“ кон Северна Кореја многумина ги протолкува како алузија на напад со нуклеарно оружје.

Сомнежот дополнително го потврди следниот ден кога твиташе за американскиот нуклеарен арсенал, кој е „далеку посилен и помоќен од кога било“. Меѓутоа, неговото тропкање со нуклеарно оружје не е изолиран инцидент. Трамп покажува исклучителен интерес, ако не и опсесија со нуклеарното оружје веќе со децении, пишува Би-би-си.

Трамп ги формирал своите ставови во Студената војна

Ова пак е во согласност со уверувањата на 71-годишниот Трамп кои ги формирал во значително поинакво време. Неговиот протекционистички став за трговијата настана под влијание на индустриската моќ на САД во периодот по Втората светска војна. Неговите ставови за емиграцијата се под влијание на тогашната Америка која била етнички, односно расно многу похомогена од денес. А неговиот ентузијазам за нуклеарното вооружување досега до времето на трката во вооружување меѓу САД и СССР во Студената војна.

Минатиот декември Трамп истакна дека САД мора „поприлично да го зајакнат и прошират“ своето нуклеарно вооружување и со тоа да го „надминат“ кој било противник. Во август, за време на својата предизборна кампања, водителот на Ем-ес-ен-би-си Џо Скарборо информираше дека Трамп ги прашал своите советници за надворешна политика повеќе пати зошто САД не можат да употребат нуклеарно оружје, што штабот на Трамп тогаш го негираше.

Трамп: Зошто тогаш правиме нуклеарни бомби?

Меѓутоа, во предизборната кампања во април таа година Трамп на прашањето на модераторот од истата телевизија Крис Метјуз „дали би можело да дојде моментот кога (нуклеарното оружје) би било употребено), тој одговори: „Можно е. Можно е“. Кога водителот ги притисна, предупредувајќи на ризикот од отворено спомнување таква можност, Трамп даде вџашувачки одговор: „Па зошто тогаш ги правиме? Зошто ги правиме?“

САД повеќе не прават нови нуклеарни боеви глави, туку само го одржуваат постоечкиот арсенал, а одговорот покажува дека Трамп не сфаќа дека примарната функција на таквиот арсенал е одвраќање на потенцијалните нуклеарно вооружени непријатели од тоа да нападнат први. Трамп, меѓутоа, уште еднаш истакна дека „нема да мрда какви било карти од масата“.

Неколку години претходно, Трамп во интервју за Плејбој во 1990 година исто така ја покажа својата фасцинација со нуклеарното вооружување. „Секоагш размислувам за прашањето за нуклеарна војна, тоа е многу важен елемент во мојот мисловен процес“. Тој ја нарече „ултимативна катастрофа“ и ја спореди соболест за која никој не сака да зборува. „Верувам дека најголемата од сите глупости е кога луѓето веруваат дека никогаш нема да се случи, бидејќи знаат колку уништиувачко би било тоа, па никој не го користи тоа оружје. Какво срање“.

Трамп сакал да биде американски преговарач со СССР за нуклеарното вооружување

Во екот на студената војна во 1984 година, Трамп во интервју за Вашингтон пост изјави дека САД би требалод а го постават него како главен преговарач со СССР за нуклеарното вооружување. „Би ми биле потребни час и половина да научам сѐ што може да се научи за тие проектили. Мислам дека повеќето ионака го знам“, изјави Трамп, откривајќи уште тогаш колку го преценува своето знаење за комплексните политички проблеми, што е карактеристика која го следи и на актуелната претседателска функција.

Ако овие коментари нешто зборуваат за неговиот „мисловен процес“, можеме да заклучиме дека Трамп верува дека американскиот нуклеарен арсенал е неефикасен ако противниците на САД не веруваат дека земјата е спремна „да го повлече чкрапалото“. Тоа пак логично се вклопува во неговата стратегија на „непредвидливост“ која често ја истакнуваше во предизборната кампања, но и откако влезе во Белата куќа.

Трамп и неговиот министер за одбрана Џим Матис истакнаа дека САД дефинитивно би победиле во воен конфликт со Северна Кореја. Тоа е речиси сигурно точно, но додека Матис предупреди дека таквата војна би била „катастрофална“ бидејќи тоа би значело огромен број цивилни жртви од двете страни на Корејскиот Полустров, а можеби и пошироко – особено во случај на нуклеарен напад од која било страна – од Трамп не може да се слушне дека ги зема таквите катастрофални последици предвид. Таквиот исход тешко би можел да се смета за успех. Дали Трамп е свесен за тоа?

Без оглед дали сте поддржувач или противник на претходната власт, не можете да оспорите дека таа постави сосема нови стандарди во поглед на мерките, напорите и вложувањата за да се привлечат странски инвестиции, за наши услови. 

повеќе

Ако лидерите на двете најмоќни земји во светот – САД и Кина имаат суштински разлики во начинот на кој тие гледаат на меѓународните односи, какви се изгледите за глобално зајакнување на соработката?

повеќе

Најновите случувања на релација политичка власт-граѓански сектор, повторно го отвораат прашањето за односите помеѓу овие два сегмента на општествениот живот.

повеќе