четврток, 25 април 2024

МД Илинден бара Комитетот за национални малцинства да постави повеќејазична табла

Македонското друштво (МД) Илинден од Тирана, побара од Комитетот за национални малцинства во Албанија да постави повеќејазична табла како што ветил пред една година, по доставеното барање од друштвото.

Објавено на

часот

Сподели

„На 31 јануари минатата година доставивме барање до три институции меѓу кои и Комитетот за национални малцинства за поставување повеќејазична табла на оваа институција. Месец дена подоцна Комитетот позитивно одговори на нашето барање, но еве, помина повеќе од една година, а таблата не е поставена“, вели Никола Ѓурѓај, претседател на друштвото.

Комитетот за национални малцинства е институција формирана од Владата, во чиј состав е по еден припадник на деветте малцинства признати со закон во Албанија.

Ѓурѓај потсетува дека кусо по доставениот одговор на барањето на друштвото, повеќејазични табли биле поставени од страна на Комесарот за заштита од дискриминација и Народниот правобранител, што било поздравено од друштвото.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ