Подарок за Русија?

Трамп нареди повлекување на американските трупи од „деликвентната“ Германија

Претседателот на САД Доналд Трамп објави дека го наредил големото повлекување на американските трупи од Германија, сојузничката во НАТО, иако тоа го критикуваа членови на неговата сопствена партија сметајќи дека тоа е „подарок за Русија“ и закана за американската државна безбедност.

EPA-EFE

„Го намалуваме бројот на 25.000 војници“, кажа Трамп во Белата куќа.

Соединетите Американски Држави сега имаат околу 34.500 војници во Германија што е значително помалку отколку за време на Студената војна кога Германија беше во жариштето на американските напори на НАТО да обесхрабрат инвазија на Советскиот Сојуз.

Во последните децении Германија им беше домаќин на клучните американски воени објекти и транзитна точка за трупите распоредени на Блискиот Исток.

Трамп ја обвини Германија дека не плаќа доволно за својата одбрана, нарекувајќи ја долгогодишната сојузничка во НАТО „деликвент“ бидејќи не ја постигнала целта поставена од сите членки на НАТО во 2014 да трошат најмалку два отсто од бруто националниот производ на одбраната до 2024 година.

Германија кажа дека се надева дека ќе достигне два отсто дури во 2031 година.

„Додека не платат, ги тргаме нашите војници, одреден број од нашите војници“, кажа Трамп.

Меѓутоа, неговиот план не изгледа целосен бидејќи и самиот кажа дека „кога ќе се намали бројката на 25.000, ќе видиме каде одиме“.

Од својот избор за претседател на САД во 2016 година, Трамп се залага за двата отсто и повеќе пати ја издвои Германија како главен „престапник“, иако многу други се исто така под таа цел.

На новинарите во Белата куќа Трамп им навести дека неговата одлука за повлекување на трупите ттреба да ја казни Германија, бидејќи кажа дека присуството на американските војници ја поттикнува економијата.

„Тоа се добро платени војници“, кажа тој.

„Тие живеат во Германија. Во Германија трошат огромни количества пари. Околината на тие бази во Германија е многу напредна. Значи, Германија зема, а потоа згора на сѐ во трговијата кон нас се однесува многу лошо“, кажа Трамп.

Покрај 34.500 американски војници, во Германија има и 17.500 цивили во служба на Секретаријатот на САД за одбрана.

За таа одлука не се разговарало однапред со Германија или другите членки на НАТО, а ни Конгресот на САД не бил официјално известен, поради што со писмо се побунија 22 републикански члена на Одборот на Претставничкиот дом за оружени сили, барајќи да се преиспита одлуката.

„Заканата што ја претставува Русија не се намали и веруваме дека знаците на ослабување на посветеноста на САД во НАТО ќе ја поттикнат руската агресивност“, напишаа пратениците на владејачката партија.

Сенаторот Џек Рид од опозициската Демократска партија, рангиран во Одборот на Сенатот за оружени сили, го критикуваше потегот на Трамп како „уште една услуга“ за рускиот претседател Владимир Путин. Американските објекти во Германија се воздухопловната база Рамштајн, клучна за операциите на Блискиот Исток и во Африка и седиште на воздухопловните сили на САД во Европа и Африка; регионалниот медицински центар Ландштул, каде се лекуваат Американците ранети во Ирак и Авганистан; и штутгартското седиште на американските команди за Европа и Африка.

Тука е и штабот во Висбаден на Американската војска во Европа, базата на борбените авиони Ф-16 Шпангдалем и областа за обука Графенвер, најголемиот полигон на НАТО во Европа.

Трамп минатото лето навести дека размислува за преместување на дел од трупите од Германија во Полска, кажувајќи му на полскиот претседател Анджеј Дуда за време на средбата во Белата куќа дека „Германија не е на нивото на кое би требала да биде во врска со НАТО, а Полска е“.

Дуда се обидува да привлече што повеќе американски трупи, дури сугерирајќи дека Полска ќе даде повеќе од две милијарди долари за формирање постојана американска база, за која кажа дека би можела да биде наречена Форт Трамп.

Според сегашниот план, барем дел од трупите стационирани во Германија би можеле да бидат преместени во Полска.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе