Трамп го повика Бајден да се тестира на дрога пред првото нивно соочување

Кампањата за американските претседателски избори неделава влегува во нова фаза со политичкиот телевизиски спектакл кој ќе го следат милиони Американци – првото директно соочување на актуелниот претседател и неговиот демократски предизвикувач.

EPA-EFE

Доналд Трамп и Џо Бајден ќе се соочат утре, односно рано наутро во среда по средноевропско време, на првата од трите дебати предвидени пред изборите на 3 ноември.

Изборната кампања поради коронавируот поприлично се одвива виртуелно што ѝ дава дополнителна тежина на првата 90-минутна дебата, кога десетици милиони Американци ќе добијат прилика да ги проценат двајцата политичари кои меѓусебно се обвинуваат дека претставуваат егзистенцијална закана за Соединетите Американски Држави.

Бајден кажа дека дебатата ќе биде „тешка“, додека Трамп преку Твитер го повика пред и по дебатата да се тестира на дрога.

„Ќе станува збор пред сѐ за лични напади и лаги бидејќи тој само тоа го знае“, кажа Бајден за Трамп. „Тој не знае како да разговара со факти. За тоа не е доволно интелигентен“.

Трамп пак напиша:

„Ќе побарам Поспаниот Џо Бајден да се тестира на дрога, пред и по дебатата која е закажана за вторник. Нормално и јас ќе се тестирам. Благо да се изразам, неговото однесување на дебатите е неуедначено, а тоа можед а го предизвикаат само дрогите“.

По првата 90-минутна дебата која ќе ја модерира новинарот на Фокс њуз Крис Волис, предвидени се уште две, на 15 и 22 октомври.

Бајден поради пандемијата води подискретна кампања. Трамп го користи тоа и не престанува да зборува за недостигот од енергија на својот противник. Истакнува и дека Бајден е марионета на радикалната левица. Тој со месеци ја оцрнува менталната состојба на Бајден. Трамп немал дебата со некој противник од 2016 и изборната трка со Хилари Клинтон.

„Вообичаено, првата дебата е потешка за актуелниот претседател“, вели Арон Кал од Универзитетот Мичиген и коавтор на книгата „Дебатирајќи со Доналд“.

„Кога сте претседател, вие сте малку во свој свет и историски обично првата дебата оди кај противникот“.

Бајден тврди дека Трамп е „малку како Гебелс“ и употребува рецепти од нацистичката пропаганда.

„Повторувате лага повторно и повторно, ја повторувате, повторувате и повторувате, за таа да стане прифатен факт. Луѓето знаат дека претседателот е лажго“, кажа Бајден.

Темите на дневниот ред на дебатата се жешките политички и социјални прашања како резултатите кои во кариерите ги постигнале Трамп и Бајден, именувањата во Врховниот суд, ситуацијата со ковид-19, расните односи и насилствата во градовите, како и интегритетот на изборите.

Американскиот претседател во саботата ја норминираше конзервативната судијка Ејми Кони Берет за судијка на Врховниот суд, на позицијата која до смртта ја вршеше Рут Бејдер Гинсбург.

Кандидатите за Врховниот суд мора да бидат потврдени од мнозинството во Сенатот кој сега го контролираат републиканците.

Лидерот на републиканското мнозинство во Сенатот Мич Меконел ја поздрави номинацијата на Ејми Кони Берет во изјава во која јасно даде до знаење дека Сенатот ќе гласа за предлогот на Трамп.

Демократите жестокот ја критикуваат намерата на така важна и доживотна функција некој да се именува само два месеци пред изборите, но малку можат да направат да ги спречат републиканците во тоа.

Сенатските сослушувања за можната нова судијка почнуваат на 12 октомври.

Бидејќи Бајден води на анкетите и на национално ниво и во клучните држави, Трамп гледа на оваа номинација, со која највисокиот американски суд ќе се турне надесно во годините кои претстојат, како клучен ветер во грбот на својата кампања.

А на телевизиската дебата гледа како на ас во ракавот. Трамп има голема доверба во својата моќ на отворена сцена, но ќе мора да го надмине фактот за 200.000 умрени од коронавирусот, да зборува за економскиот пад и со уморот на Американците од неговите постојани скандали.

„Кога Џо Бајден ќе стапне на таа сцена, ќе биде тоа првиот момент во четири години Американците да добијат прилика да го соочат Трамп со тоа што го направи“, вели Стив Шмит, републикански стратег кој стана противник на Трамп.

Бајден како изборен фаворит пред сѐ треба да остане одмерен и стабилен. Но против себе ќе има личност која многумина ја сметаат за најголем провокатор.

„Нема речиси никаков сомнеж дека Трамп ќе се обиде да го испровоцира“, вели Дејвид Баркер, директор на Центарот за конгресни и претседателски студии на Американскиот универзитет.

Бајден нема дебела кожа и некои од неговите најголеми гафови се случиле токму кога одговарал на прашање или коментар кои го погодиле, додава тој.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

И Софија ќе треба да не го запре македонското евро-интегрирање на самиот почеток – и Скопје ќе треба да ја декомунистицира и дејугословенизира својата елита, економија, политика, наратива и медиуми.

повеќе

На светов има доволно место и за доктори и за антиваксери, и за научници и инженери, како и за рамноземјани и антимаскери, за уметници и фантазери.

повеќе

Во Законот кој е предложен воопшто не се цели на попишување на реалната состојба на терен, туку се цели на попишување на сите возможни граѓани заради задоволување на политички цели.

повеќе