Трамп 18 години лаже за нападите од 11 септември (ВИДЕО)

Вчера беше 18-годишнината од најголемиот терористички напад во САД, оној врз кулите на Светскиот трговски центар во Њујорк и зградата на Пентагон во Вашингтон.

Деветнаесет исламистички терористи, припадници на Ал каеда, го извршија грабнувајќи четири авиони на 11 септември 2001. Три од четирите грабнати авиони ги погодија планираните цели.

Вкупно загинаа 2.977 луѓе, на сметајќи ги напаѓачите самоубијци, од патниците и екипажите на грабнатите авиони до вработените во Пентагон и самите „кули близначки“, кои се урнаа од последиците на нападот.

Трамп: „Никогаш нема да заборавиме“

Како и многумина други, и американскиот претседател Доналд Трамп на социјалните мрежи им оддаде почит на жртвите на нападот.

„Никогаш нема да заборавиме“, пишува во написот на фотографијата на која Трамп и неговата сопруга Меланија стојат свртени со грб во Националниот меморијален музеј 11 септември.

Но Трамп кажа низа бизарни лаги за нападот од 11 септември. За среќа, не станува збор за теориите на заговор според кои кулите не ги урнале терористите на Ал каеда, туку американската влада – иако е склон кон теории на заговор, оваа теорија сепак не ја промовира.

Лажеше дека видел илјадници муслимани како го слават уривањето на кулите близначки

Но лагите што ги кажуваше се прилично срамни и откриваат повеќе за него отколку за самиот напад. Сатиричната политичка емисија Дејли шоу, која со години ја водеше Џон Стјуарт, а сега ја води Тревор Ноа, направи кратка, но впечатлива компилација на докажаните лаги на Трамп.

„Гледав во Њу Џерси, како илјади и илјади луѓе слават додека зградата се уриваше“, кажа Трамп во текот на предизборната кампања на 21 ноември 2015. Ова тврдење на Трамп, кое се базира на тврдењата дека американските муслимани го славеле уривањето на Светскиот трговски центар, е едноставно лажна, како што објаснија различни медиуми за проверка на фактите, меѓу кои и Политифакт.

Се фалеше дека помагал во расчистувањето, шефот на пожарникарите никогаш не го видел

„Сите кои помагаа да се исчистат урнатините, а јас бев таму и гледав, а малку и помогнав“, кажа Трамп на еден друг предизборен собир на 18 април 2016.

Иако Трамп и по самиот напад се фалеше дека „има многу луѓе долу“ (на местото каде што се урнаа кулите) и дека уште доаѓаат, проверувачите на факти Снупс и Политифакт не нашле никакви докази дека Трамп навистина директно или индиректно помагал во расчистувањето по нападот. Поранешниот њујоршки пожарникарски командант Ричард Ејлс, кој со месеци учествувал во чистењето, кажа дека Трамп таму никогаш не го видел.

На истиот предизборен митинг Трамп уште еднаш кажа дека „бил долу и ги гледал нашите полиција и пожарникари во 7/11, во Светскиот трговски центар“. Иако ова не е лага туку гаф, најверојатно Трамп го помешал датумот на нападот со синџирот продавници кои работат од 7 до 23 часот.

Трамп во 2005 година на конгресно сослушување околу здравствената опасност на азбестот кажа и дека „многу луѓе велат дека Светскиот трговски центар не би изгорел и не би се стопил да бил изграден од азбест“. Нормално, не ни треба да се спомнува какви последици би имал ударот на авион во зграда изградена од азбест. Бројот на луѓето кои и денес умираат од рак и други болести би бил далеку поголем.

На денот на нападот се фалеше дека неговата зграда е сега највисока на Менхетн. Не е

На самиот ден на нападот Трамп во телевизиско интервју се фалеше дека неговата зграда на адреса Вол стрит 40 „всушност била втората највисока зграда во центарот на Менхетн, а пред Светскиот трговски центар всушност била највисоката“. Освен што е вџашувачко што некој би се фалел со тоа по најголемиот терористички напад на својата земја, тоа е едноставно лага. Вол стрит 40 пред падот на кулите близначки бил трета највисока зграда на Менхетн, објаснува Политифакт.

Многумина вчера, на 18-годишната од 11 септември го споделуваа ова видео како доказ за Трамповите бесчувствителност и нарцисоидност. А на тоа сведочи и бизарната снимка на која Трамп лани во ова време се кривеше при средбата со поддржувачите додека одеше на комеморација.

Третманот и плаќањето на работникот од кого зависи целиот производствен систем, треба да биде на прво место кај државата и работодавачот. 

повеќе

Дали верувате дека до ова дереџе се дојде за една ноќ, еден месец, една година? Вистината е дека години се потребни за таков пад.

повеќе

Макси помпа, просечен дипломатски и небитен медиумски ефект.

повеќе