Токио е најбезбедниот град во светот

Јапонската престолнина Токио е најбезбедниот град во светот, покажа индексот на безбедни градови на Разузнавачката единица Економист за 2019 година.

Разузнавачката единица Економист, која работи во рамките на британската Економист група, најпозната по издавањето на магазинот Економист, рангираше 60 дестинации низ светот врз основа на безбедноста во дигиталниот простор, здравствената безбедност, инфраструктурата и личната безбедност.

На врвот на листата се најде Токио, а по него следат Сингапур и Осака, уште еден јапонски град.

Овие три града беа на врвот на листите и во 2015 и 2017 година, пренесува Си-ен-ен.

Од европските градови, во првите десет најбезбедни се најдоа Амстердам и Копенхаген, кои ги зазедоа четвртото и осмото место на листата.

Единствениот американски град кој влезе во првите десет е Вашингтон, додека Чикаго е на 11 место.

Меѓу десетте најбезбедни градови во светот се и Сиднеј и Мелбурн, Торонто и Сеул.

Хонг Конг, кој во 2017 година беше деветти на листата, падна годинава на 20 место.

Во тој град во изминатите месеци се одржуваат, понекогаш насилни, антивладини протести, што доведе до пад на бројот на посетители.

Последен на листата е Лагос во Нигерија.

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе